Москва спречи обнова на мандатот на комисијата која се занимава со истрагата за користење на хемиско оружје во Сирија, искористувајќи го правото на вето во Советот за безбедност на ОН.
Во Советот за безбедност се гласаше за тоа дали ќе биде продолжена меѓународната истрага за нападот со хемиско оружје во Сирија.
Мандатот на истражното тело, Заеднички истражен механизам, кое го формираа ОН и Организацијата за забрана на хемискот оржје, истекува во средината на ноември.
Кина остана воздржана, а против обвновување на истрагата беше и непостојаната членка на Советот за безбедност, Боливија.
Како што пренесува Танјуг, САД соопштија дека се многу разочарани со одлуката на Русија да употреби вето.