Бројот на загинати во рускиот град Магнитогорск се искачи на 38, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија. Меѓу загинатите се и 6 деца.
Трагедијата се случи поради експлозија на гас, по што се урна дел од зградата.
Нјамлку три лица се исчезнати. Спасувачките екипи и натаму пребаруваат под урнатините.
Деветмесечното бебе кое беше пронајдено под урнатините, речиси 36 часа по експлозијата е тешко повредено, но е во стабилна состојба.
Експлозијата се случи на 31 декември. Целосно се урнаа 4 спратови од вкупно 10, а оштетувања имаше и на соседните згради.