Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк

0
By Zoran Ivanov on July 4, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 4, 2026 09:24

Руската војска вчера го информирала претседателот Владимир Путин дека ја презела контролата врз Костјантинивка во источна Украина, клучното место што Москва долго време го посакуваше во своето напредување низ Донецк.

Во споделените видеа, Путин ја посетува командата и го фали наводното освојување на градот како важно стратешко достигнување.

Сите знаеме дека овој град е клучен сообраќаен и голем индустриски центар на Донбас, вели Путин.

Исто така, се наведува дека руските сили мора да ги прошират безбедносните зони како одговор на засилените украински напади со долг дострел, главно насочени против руската нафтена индустрија, пишуваат британските медиуми.

Украина сè уште не го коментирала руското тврдење за освојувањето на Костјантинивка.

Наводното освојување го објави генерал Валериј Герасимов, началник на рускиот Генералштаб.

Тој рекол дека силите на јужната група спроведуваат офанзивни операции за „ослободување“ на целиот Донецк, дел од поширокиот регион Донбас над кој Русија вети дека ќе обезбеди контрола како клучна цел на своите воени напори.

Војниците на оваа група го ослободија градот Костјантинивка, еден од главните одбранбени центри на непријателот во рамките на утврдената област Славјанск-Краматорск-Костјантинивка, рече генералот.

Руската војска веќе некое време тврди дека нејзините војници контролираат делови од тој град, еден од неколкуте што сочинуваат мрежа од клучни утврдувања во украинската одбрана на регионот.

Руското Министерство за одбрана објави фотографии на апликацијата Телеграм за кои тврди дека прикажуваат сцени од Костјантинивка, вклучувајќи слики од руски војници кои држат знамиња покрај уништени згради.

Герасимов, исто така, го информираше Путин дека руските сили се приближуваат кон Лиман, град на околу 70 км северно, за кој рече дека е од клучно логистичко и стратешко значење за понатамошен напредок во таа насока.

Командантот на руските северни трупи, Евгениј Никифоров, рече дека неговите сили „сè уште не успеале целосно во својата задача“ да спречат украински напади со беспилотни летала насочени кон нафтени постројки и да предизвикаат недостиг на гориво во Русија.

Колку повеќе напади непријателот се обидува да изврши врз нашите цивилни објекти … толку поголема безбедносна зона ќе мора да воспоставиме на соседната територија, одговорил Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и други функционери тврдат дека рускиот напредок во источна Украина значително се забавил од почетокот на годината, а дека силите на Кијив дури и вратиле дел од територијата

 

Доњецк освоила Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.