Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русите забранија обдукција: Во Берлин пронајден мртов секретар на руската амбасада

0
By Sashko on November 5, 2021 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработен во руската амбасада во Берлин е пронајден мртов до зградата на дипломатската мисија на Руската Федерација, а се претпоставува дека бил поврзан со руската тајна служба ФСБ, пишува неделникот „Шпигел“. На 19 октомври, во близина на задната страна на објектот на руската амбасада во центарот на Берлин, полицијата пронајде безживотно тело на 35-годишен вработен во амбасадата, кој беше втор секретар на амбасадорот од 2019 година.

Весникот, повикувајќи се на безбедносни извори, наведува дека мажот наводно паднал низ прозорец на горниот кат на амбасадата. Изворите велат дека не е јасно како паднал дипломатот и која била причината за смртта.

Според „Шпигел“, германските безбедносни служби сметаат дека дипломатот бил тесно поврзан со внатрешната разузнавачка служба на Руската Федерација, ФСБ, која е задолжена за борбата против тероризмот. ФСБ е поврзана и со убиството на грузиски дисидент во Берлин во 2019 година.

Телото на рускиот дипломат веќе е пренесено во Русија, а амбасадата не дозволи претходна обдукција во Берлин. Руското Министерство за надворешни работи одби да даде информации за околностите на смртта на 35-годишниот дипломат, наведувајќи „етички причини“ и повикувајќи се на „трагичниот случај“.

Берлинската полиција одби да го коментира случајот и ги упати прашањата до Обвинителството. За откривање на телото, освен руската дипломатска мисија, досега не беше известувано. На истото место пред неколку години беше пронајден мртов и поранешен чувар на руската амбасада.

амбасада Берлин Русија Свет Смртен случај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.