Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Чернихив под напад утрово

0
By Marija Todorovska on April 17, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 17, 2024 11:23

Руските агресори денеска истрелаа проектили врз градот Чернихив, предизвикувајќи загинати и повредени цивили, објави на Телеграм, шефот на регионалната воена управа на Чернигив, Виачеслав Чаус, пренесе Укринформ.

„Непријателот го нападна Чернихив со проектили. Има мртви и ранети“, се вели во објавата.

Подоцна, Чаус додаде дека Русите извршиле три ракетни напади речиси врз центарот на градот.

„Има мртви цивили, многу ранети. Сега работат спасувачите, нашите медицински лица работат и ја пружаат сета потребна помош. Формиран е штаб и ќе се пружи сета потребна помош“, рече тој.

Како што е соопштено, експлозии се слушнале во Чернихив околу 9 часот по локално време, според медиумот Суспилне. Пред тоа, беше објавено предупредување за воздушен напад во Кијив и во голем број региони.

https://novatv.mk/storage/2024/04/ruski-napad.mp4

 

„Руските сили извршија ракетен напад врз градот Чернихив утрото на 17 април, при што загинаа најмалку 10 лица, а беа повредени 20“, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува Кијив индипендент.

Цивилните и социјалните инфраструктурни објекти беа нападнати, рече Олександр Ломако, вршител на должноста градоначалник на градот.

Бројот на жртви може да се зголеми бидејќи операцијата за пребарување и спасување е во тек.

Во август 2023 година, руските сили го нападнаа центарот на градот Чернихив, при што загинаа седум лица, вклучително и едно шестгодишно дете, а беа повредени околу 180 луѓе.

Областа Чернихив се наоѓа на северната граница на Украина со Русија и беше нападната и делумно окупирана за време на почетокот на руската целосна војна во февруари 2022 година.

Руските сили се повлекоа од Черниговската област во април 2022 година, но поради неговата близина до границата, регионот оттогаш беше напаѓан речиси секој ден.

Драган Мишев / Цивил Медиа

напад Русија руски терор Украина Чернихив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.