Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски ракетен терор: Најмалку двајца загинати и 17 повредени во Кијив, погодени повеќе цивилни цели низ Украина, украинската одбрана собори најголем дел од проектилите

0
By Marija Todorovska on December 29, 2023 ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска, рускиот агресор изврши еден од најмасовните воздушни напади оваа година на територијата на Украина. Агресорите употребија бараж од најразлично оружје и муниција.

ЦИВИЛ МЕДИА доби извештај од раководителот на Кијивската градска воена администрација, Сергиј Попко, со посредство на Амбасадата на Украина, во кој се јавува за најмалку две фатални жртви и 17 повредени, само во Кијив и околните реони.

Се работи за голем напад кој бил подготвуван подолго време и се совпаѓа со ист таков напад пред точно една година, на истиот напад, во пресрет на новогодишната прослава.

Беа употребени дронови од типот Shahed, крстосувачки ракети Х-22/Х-32 од стратешките бомбардери Ту-22М3, балистички ракети, С-300, крстосувачки ракети Х-101/Х555 од стратешки бомбардери Ту-95 МС, аеробалистички ракети од типот X-47M2 „Кинжал“ од Миг-31К.

Во Кијив, воздушната тревога беше објавена три пати и вкупно траеше речиси 5 часа. За време на последната тревога, главниот град беше нападнат од неколку десетици ракети од различен тип и калибар.

Во воздушниот простор на градот Кијив, ракетите влегоа брановидно и од различни правци.

Повеќе од триесет воздушни цели беа соборени од украинските сили за противвоздушна одбрана над Кијив.

Но, како резултат на таков масовен ракетен напад во главниот град, за жал, има уништување и жртви.

Оштетена е зградата на метро станицата Лукјанивска, влезот во метрото е затворен, возовите ја поминуваат станицата без застанување.

Штетите предизвикани во различни реони на главниот град се големи.

Во Подилскиот реон нападот предизвика пожар во магацин на површина од околу 3.000 квадратни метри. Државната служба за итни случаи веднаш започна со санирање на последиците.

Во Свјатошинскиот реон, евидентиран е пожар во станбена зграда која е, за среќа, ненаселена, а се запалија и три цивилни автомобили. И двата пожари се изгаснати.

Во Шевченкивскиот реон предизвикан е пожар во недоизграден деловен центар, оштетување на станбена зграда, а избија пожари и во неколку гаражи, магацини и една ненаселена станбена зграда. Службите за противпожарна заштита веднаш дејствуваа и ги изгасија пожарите.

Во Дарницкиот реон беше оштетена една станбена зграда и една приватна куќа.

Овие напади врз главниот град предизвикаа и човечки жртви. Во овој момент, евидентирани се двајца загинати и 17 повредени цивили. На повредените им се пружа медицинска помош.

„Оперативните Збирни Информации Постојано Се Утврдуваат И Ажурираат. Симболично, Во Стилот На Рашистите, Пред Точно Една Година, На 29 Декември 2022 Година, Агресорот Врз Кијив Изврши Еден Од Најмасовните Комбинирани Воздушни Напади Врз Украина. Тој Ден Над Кијив Беа Соборени Сите 16 Ракети. Како Тогаш, Така И Сега, Непријателот Не Нè Скрши И Не Нè Заплаши. Ние Ќе Издржиме И Покрај Сè. Верувајте Во Вооружените Сили На Украина. Верувајте Во Нашата Победа“, Изјави Раководителот На Кијивската Градска Воена Администрација, Сергиј Попко За ЦИВИЛ МЕДИА, Со Посредство На Амбасадата На Украина.

Со своја изјава излезе и украинскиот претседател, Зеленски, кој ја информира јавноста за рактениот терор и за последиците од него. Тој вети дека ќе следи одговор на овие напади.

„Сигурно ќе одговориме на терористичките напади. И ќе продолжиме да се бориме за безбедноста на целата наша држава, секој град и секој граѓанин. Рускиот терор мора да изгуби и ќе изгуби“, изјави Зеленски, меѓу другото.

A maternity ward, educational facilities, a shopping mall, multi-story residential buildings and private homes, a commercial storage, and a parking lot. Kyiv, Lviv, Odesa, Dnipro, Kharkiv, Zaporizhzhia, and other cities.

Today, Russia used nearly every type of weapon in its… pic.twitter.com/q5q8Q98Njr

— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 29, 2023

ЦИВИЛ, како организација за човекови права, најостро го осудува овој чин на агресија на руските сили врз цивилното население на Украина и изразува целосна солидарност и поддршка за претседателот Зеленски и украинската нација.

Овој ракетен терор мора да престане! – повикува ЦИВИЛ и ја алармира домашната и меѓународната јавност и релевантните институции да ја интензивираат економската и воената помош за Украина, особено со муниција и системи за противвоздушна одбрана, како и со финансиски средства потребни за основно функционирање на земјата која речиси две години е жртва на геноцидна воена инвазија.

Пишува: Џ. Дерала

воена инвазија Кијив пожар Руски ракетен терор Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.