Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускиот авион се урнал поради грешка на пилотите

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 14, 2018 09:28

Човечка грешка најверојатно е причината за уривањето на рускиот авион во неделата, при што загинаа 71 лице, соопштија руските истражни органи, кои утврдиле дека пилотите не го вклучиле греењето на мерачите пред полетувањето, што довело до погрешни податоци за брзината.

Според прелиминарниот заклучок на експертите од Меѓудржавната воздухопловна комисија, изработен врз основа на анализата на информаците од читачот на записи за параметрите на летот, несреќата на патничкиот авион Ан-148 на „Саратов Ерлајнс“ веројатно се случила поради неточни податоци за брзината на летањето, поради замрзнување на сензорите.

И покрај механичките оштетувања како резултат од несреќата, експертите успеале од црната кутија да извлечат податоци за 16 летови на авионот, вклучувајќи го и оној при падот. Во сите останати летови, освен при последниот, греењето било вклучено пред полетувањето.

Авионот се урна шест минути по полетувањето во близината на Москва.

Според истрагата, на надморска височина од 130 до 150 метри екипажот го вклучил автопилотот, а вонредната ситуација во авионот почнала по 2 минути и 30 секунди на височина од околу 1.300 метри, кога леталото се движело со брзина од 465 до 470 километри на час.

Во тој момент црната кутија фиксирала несовпаѓање меѓу читањата на индикаторите за брзината. По 30 секунди разликата во мерењата на сензорите изнесувала 30 километри на час, а на височина од 2.000 метри разликата станала уште поголема, по што екипажот го исклучил автопилотот и целиот останат лет преминал во рачен режим.

Податоците на индикаторите за брзината многу се разликувале – едниот покажувал 0 километри на час, а другиот 540 до 560 километри на час. Потоа е податоците на вториот почнале интензивно да паѓаат до 200 километри на час, можеби друи и помлако, по што авионот почнак забрзобо да се спушта под агол од 30 до 35 степени.

Портпаролката на рускиот Постојан истражен комитет, Светлана Патренко изјави дека по добивањето на прелиминарниот извештај на Комисијата, ќе биде разгледана и таа верзија за можна причини за несреќата.

авион Извештај истрага Москва Пилотска грешка Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.