Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руските наративи во македонските медиуми: Изгубени во преводот

0
By Marija Todorovska on March 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2024 15:58

ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

На први март, државната информативната агенција МИА, објави содржина, со наслов „Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатали, за која се вели дека е пренесена од Политико, без притоа да се наведе линкот до изворот на веста.

Неколку македонски портали ја презедоа веста, по принципот „copy – paste“, без проверка, повеќето од нив дури и со истата печатна грешка во насловот „непријатали“, несвесни дека, иако доаѓа од државна информативна агенција, во себе содржи дезинформации, манипулации и наведувачки наративи како оние кои ги користат руските пропагандисти за да нанесат штета на Украина и помошта која и ја пружаат сојузниците, меѓу кои и Северна Македонија како членка на НАТО.

Во преводот на насловот и текстот, како што го пренесува МИА, а за кој вели дека е преземен од Политико, пишува : „Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатали„, додека подолу во текстот, пишува: „Разликите меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон околу помошта за Украина се претвораат во отворено непријателство…“

Иако во текстот на МИА нема директен линк до изворот, се работи за текс објавен во Политико на 27 февруари, со наслов: „Scholz and Macron feud over arms for Ukraine“, додека во поднасловот стои: „As Ukraine runs short on ammunition, the German and French leaders are at odds over military aid“.

Ниту во насловот , ниту во текстот на Политико никаде не стои непријатели, уште помалку отворени непријатели.

Преведено на македонски, Политико пишува: „Шолц и Макрон се караат околу оружјето за Украина“, и во поднаслов „Бидејќи Украина има недостиг од муниција, германскиот и францускиот лидер не се согласуваат околу воената помош.“

И во текстот подолу, се употребуваат зборови кои означуваат длабоки разлики, сосема спротивни коментари, изненаденост, оградување, отворена расправија, судир на ставови, па и разочарување, но никаде зборот „непријателство“. За „отворено непријателство“ помеѓу двајцата лидери, секако нема место во оригиналниот текст.

Како што забележува Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, преводот од Политико кој го пласира МИА на своите корисници ( било да е намерно или ненамерно) е неточен, манипулативен и тенденциозен. Вакви  наративи користи руската пропаганда со цел да прикаже несогласување помеѓу лидерите на западните сојузници, да предизвика сомнеж и да прикаже колебање во одлуката на сојузниците да ја поддржат и помогнат Украина во борбата со руската неиспровоцирана целосна воена агресија врз својот сосед, што понатаму би довело до недоверба за целокупното делување на НАТО сојузот и наводно понатамошно распаѓање на Алијансата (иако, напротив, таа со почетокот на руската агресија се прошири со нови членки), каде полноправна членка е и нашата земја, со што ќе се поттикнат наративите на овдешните рашисти дека за Северна Македонија приближувањето кон Русија би била подобра алтернатива од членството во евро-атлантските сојузи.

Но, ова не е прв пат на МИА да се појават манипулативни текстови со кои пред македонската публика се пласираат руски пропагандни наративи. Како што предходно објави ЦИВИЛ Медиа на почетокот на јануари, тогаш државната новинска агенција МИА  во рубриката „МИА истражува“ , пласираше содржина, и истата потоа ја пренесоа повеќе македонски медиуми, која всушност не е никакво истражување, туку едноставно преведен и интегрално пренесен, во најмала рака манипулативен текст со наслов „Зошто Зеленски не сака мир?“ од самонаречениот „независен“ воен аналитичар, Марио Буриќ за хрватскиот портал Индекс.хр., Како што забележува Мониторинг тимот на Цивил, текстот на Буриќ, пренесен на МИА е полн со произволни, паушални тврдења и пропагандистички наративи.

Во оваа анализа се користени податоци од редовните извештаи на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

Преземено: Цивил Медиа

македонски медиуми МИА пропаганда Путин Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.