Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

С. Македонија и Грција ќе потпишат договор за развој на интерконекторот за гас

0
By Sashko on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија на С. Македонија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас, денеска во Атина ќе потпишат Договорот за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас, јави дописничката на МИА од Атина.

На вчерашниот редовен брифинг со новинарите, портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, рече дека Грција секогаш ја поддржува интеграцијатс на соседите од Западниот Балканот во Европската Унија, под поставените услови и „секогаш поддржува економски развој и регионална стабилност и преку билатерални договори“.

Во рамките на „25-та тркалезна маса со грчката Влада“ што оваа година е на тема „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“, премиерот Заев, претпладнево заедно со неговите колеги од Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, ќе дискутираат за зајакнување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, за проширувањето на ЕУ, за трговијата и инвестициите како и за иницијативите за мир и подобро разбирање.

На панел дискусијата заедно со Заев, Курти и Рама (кој ќе се вклучи онлајн), ќе учествуваат и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателка на мрежата „Диктио“ и поранешната европска комесарка Ана Дијамантопулу, пратеникот од СИРИЗА и поранешен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, како и поранешниот претседател на  Републикански национален комитет, Рајнс Прибес.

Синоќа, се одржа свечената гала вечера на конференцијата на која се обрати грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а присуствуваше и премиерот Заев, како и министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, поранешниот претседател на ЕП, Мартин Шулц, потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас, поранешната претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешниот француски премиер Доминк Де Вилпен, амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, како и бројни дипломати, бизнисмени, стопанственици.

гас Грција Договор Интерконектор Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.