САД ја поздравија одлуката на македонскиот Парламент за пристапување кон уставни измени што произлегуваат од Договорот од Преспа.
Според портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт „САД веруваат дека Договорот од Преспа е една историска шанса за зајакнување на стабилноста, безбедноста и благосостојбата на целиот регион“.
Доцна синоќа во Собранието на Република Македонија беше обезбедено потребното двотретинско мнозинство (80 гласа „за“ и 39 „против“) за отворање на Уставот.