Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД им забранија на Груевски и Мијалков влез на нивна територија

0
By Соња Крамарска on April 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стејт департментот на САД денеска јавно ги именуваше поранешниот премиер на Република Северна Македонија Никола Груевски и поранешниот директор на Одделот за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков и им забрани влез на нивна територија.

„Ги презедовме овие активности како одговор на вмешаноста на овие поранешни функционери во значителна корупција. Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушија вербата на јавноста во нивните влади“, се вели во одлуката која попладнево претставници на Стејт Департментот  ја споделија со медиумските куќи од Северна Македонија и од регионот.

Во одлуката на американската влада се додава дека Груевски кој е сега во бегство, во неговото службено својство на премиер, бил вмешан во коруптивни дела кои вклучуваат користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист. „Поточно, има веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито во замена за владини договори, присвоил јавни средства и се мешал во изборните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, додаваат изворите од Стејт Депармент.

За Мијалков се вели дека во своето службено својство на директор на УБК, бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучуваат користење на неговото политичко влијание и службена моќ за лична корист. „Има веродостојни информации дека Мијалков ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара мито во замена за владини договори и се вмешал во изборните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, велат американските претставници.

Поради сето тоа Груевски и Мијалков и нивните потесни семејства се неподобни за влез во САД, се наведува.

„Овие чекори ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Одделот ќе продолжи да ги користи ваквите мерки за да промовира одговорност за корумпираните актери во овој регион и на глобално ниво“, велат од Вашингтон.

Во истиот пакет мерки се опфатени и претставници на Босна и Херцеговина.

Воведени се и економски санкции, како што се вели, на седум лица и еден ентитет низ четири земји од Западен Балкан, меѓу кои и за Груевски и Мијалков. Санкциите значат замрзнување на имотот што го имаат во САД и забрана за пристап до него и негово користење. (С.К.)

 

Груевски Мијалков санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.