Најмалку 50 милиони долари инвестираат Соединетите Американски држави за база во Нигер, од која ќе можат да стартуваат дронови, пишуваат странските медиуми. Во главниот град на Ниамеј, САД веќе присуствува на земја, учествувајќи заедно со Франција во борбата против ИСИС.
Но новиот објект кој го планира Вашингтон, во градот Агадез, овозможува употреба на беспилотни летала и во Либија, Мали или Нигерија.
Мишел Балданза, портпарол во Пентагон ја потврдила информацијата како и тоа дека сите трошоци за овој објект ќе бидат покриени од страна на САД.
Се очекува истиот да биде комплетиран до 2017 година.
Дроновите се употребуваат за набљудување или за фрлање експлозив на места кои се премногу ризични за употреба на пилот.