Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД:Можни први обвиненија и апсења за аферата руско мешање во изборите

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 30, 2017 09:24

Аферата со наводното руско мешање во ланските избори за претседател на САД, може да влезе во нова етапа уште денеска, кога според локални медиуми се очекува да бидат подигнати првите обвиненија во рамки на истрагата што ја води специјалниот обвинител Роберт Мјулер.

Американските разузнавачки служби донесоа заклучок во јануари дека Русија се вмешала во изборите во обид да му помогне на Доналд Трамп да ја победи Хилари Клинтон со кибер напад и објавување и-мејли, како и нејзина дискредитација на социјални мрежи.

Мјулер, кој е поранешен директор во ФБИ, истражува дали има врски меѓу соработници на Трамп и странски влади, како и евентуални шеми за перење пари, затајување даноци и друг финансиски криминал, нагласуваат извори запознати со истрагата.

Трамп ги отфрла тврдењата за тајни договори со Руси и вели дека истрагата е „лов на вештерки“.

Кремљ исто така негира дека е вмешан на каков било начин во американските избори.

Тимот на Мјулер ја врши работата дискретно и досега ништо не е излезено во јавност за осомничените, како и за обвиненијата што ќе бидат подигнати.

Според Си-Ен-Ен, судски тим одобрил во петокот прво обвинение и денеска е можно да биде приведен најмалку еден осомничен.

Трамп во врска со истрагата, на Твитер изнесе нови критики на сметка на поранешниот кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон нагласувајќи дека „фактите се појавуваат“.

– Направете нешто, напиша тој на Твитер.

Неговиот твит е објавен откако Си-Ен-Ен јави дека сојузна порота во Вашингтион одобрила први обвиненија во кривичната истрага за руско наводно мешање во американските избори. Во твитовите Трамп нагласи дека кампањата на Клинтон помогнала за политичко истражување за него што покрена тврдење за негови врски со Русија.

– Тие бараат телефонски индиции Трамп/Русија што не постојат. Демократите го користат овој лов на вештерки што е ужасен и лош за нашата држава за лоша политика, но сега Русија возвраќа како никогаш претходно. Има премногу виновни меѓу демократите и сега фактите се појавуваат. Направете нешто,напиша Трамп.

Доналд Трамп Роберт Милер САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.