Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД нема директно да преговараат со Асад

0
By Нова ТВ on April 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД нема директно да преговараат со сирискиот претседател Башар ал-Асад, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

– Нема да имаме директни преговори со Асад, изјави Хејли во интервју за телевизијата Си-Би-Ес, нагласувајќи дека Сирија не е толку вредна за да разговара директно со Вашингтон.

Таа ги обвини сириските власти дека досега одбивале да учествуваат во мултилатералните преговори организрани во рамки на политичкиот процес за надминување на кризата во земјата, што се одвива под покровителство на ОН, при што нагласи дека Русија треба да ја „донесе Сирија“ на преговарачката маса.

Хејли претходно во интервју за телевизијата Фокс изјави дека САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели.

Таа нагласи прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските итереси, втора – целоно да биде поразена групата Исламска држава и трета – да се создаде добра позиција за следење на активностите на Иран.

– Наша цел е американските сили да се вратат дома, но нема да си заминеме се додека не бидеми сигурни дека сме ги оставриле овие три работи, изјави Хејли.

24 часа по нападите, Франција, САД и Велика Британија во Советот за безбедност на ОН претставија нацрт резолуција за Сирија во која е вклучено формирање нов механизам за истраги за употреба на хемиско оружје, јави АФП повикувајќи се на дипломатски извори. Преговорите за текстот, редактиран од Франција почнуваат утре. Датум за гласање не е наведен со цел „Париз да даде време за вистински преговори“, наведува изворот.

За првпат во СБ на ОН се предлага текст во кој се обединети три аспекти на проблемот – политички, хуманитарен и хемиски. Целта не е да се промени управувањето со државата туку да се покаже дека западната воена интервенција во Сирија „и служи на политичката стратегија“, нагласува дипломатот.

Евентуални нови ракетни напади врз Сирија би предизвикале хаос во меѓународните односи, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот ирански колега Хасан Рохани.

Како што соопшти Кремљ, Путин и Рохани размениле мислења за состојбата во Сирија по вчерашните напади на САД, Велика Британија и Франција врз објекти на сириските власти, како и за „вкупната ситуација на Блискиот Исток, случувањата во Јемен и за понатамошниот развој на руско-иранската соработка и зајакнување на меѓусебните врски во трговско-економската сфера“.

Во соопштението се нагласува дека двајцата лидери се согласиле оти вчерашната „илегалната акција“ на трите западни земји има негативно влијание врз шансите за изнаоѓање политичко решение за кризата во Сирија.

– Владимир Путин посебно нагласи дека ако продолжат таквите акции, со кои се крши Повелбата на ОН. неизбежно ќе биде предизвикан хаос во меѓунардоните односи, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека Лондон заедно со сојузниците ќе ги разгледа сите опции, ако сирискиот претседател Башар ал Асад повторно употреби хемиско оружје против своите граѓани во Сирија.

– Не постои ниту еден предлог на маса во овој момент за понатамошни напади, бидејќи до сега, фала на господ, режимот на Асад не е толку луд да преземе уште еден напад со хемиско оружје, наведе Џонсон.

САД, Велика Британија и Франција вчера истрелаа над сто ракети врз цели во Сирија, како како одговор на наводниот минатонеделен напад со хемиско оружје во Дума, при што загинаа најмалку 40 луѓе.

преговори САД Сирија Хејли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.