Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Одлуката на Иванов ќе ги заштити корумпираните службеници

0
By Нова ТВ on April 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 15, 2016 10:37

САД сметаат дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за  аболиција на политичари и нивни соработници под истрага за криминал во врска со скандалот за прислушувањето сериозно ја доведува во прашање способноста на Македонија да одржи веродостојни избори на 5 јуни, изјави Даниел Бер, амбасадорот на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

– САД ги охрабруваат напорите на граѓанското општество да го поддржи демократскиот развој во Македонија, и работата на Државната изборна комисија да подготви веродостојни избори. Сепак, одлуката на претседателот Иванов сериозно ја доведува во прашање способноста на земјата да одржи веродостојни избори на 5 јуни, чиј оригинален датум веќе беше одложен, вели Бер и додава:

– Вознемирени сме од извештаите за одмазда кон граѓанските организации кои изразиле загриженост поради заплашување на гласачите и замаглување на границата меѓу државата и партијата.

Тој ја повтори главната поента од новиот Извештај на Стејт департментот дека човековите права во Македонија се најзагрозени поради високото ниво на корупција и неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото. Рече и дека новите извештаи на Фридом хаус и други граѓански организации укажале на уназадување во демократското владеење, зголемено пријавување инциденти за политички притисок и заплашување, и злоупотреба на државните ресурси во Македонија.

Бер исто така го повтори и повикот на САД за Иванов да ја преиспита одлуката за аболиција и пак истакна дека „ако се исполни, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните службеници и ќе го лиши од правда народот на Македонија. Исто така тоа и понатаму ќе го поткопа владеењето на правото во Македонија, како и интегритетот на судските институции и веродостојноста на посветеноста на лидерите кон фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ.“

– Како пријател на Македонија САД силно бара од претседателот Иванов да ја преиспита неговата одлука и да му дозволи на Специјалното обвинителство – создадено како дел од договорот од Пржино – да ги истражи сериозните обвиненија за владин криминал и да им дозволи на судовите да си ја завршат работата. Исто така ги охрабруваме Владата и партиите да продолжат да работат на реформите кои ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон веродостојни избори и евроатлантска интеграција, го повтори Бер ставот на САД.

Бер Иванов помилување САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.