Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД одобрија трета доза вакцина против ковид-19 за возрасни

0
By Sashko on November 19, 2021 СВЕТ
Фото: biopharma-reporter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравствените власти на САД денеска соопштија дека одобриле трета доза на вакцина против ковид-19 за сите возрасни лица кои биле целосно вакцинирани пред најмалку шест месеци.

Американската агенција за лекови (ФДА) соопшти дека ова вонредно одобрение за вакцина издадено за „Фајзер“ и за „Модерна“ овозможува „да се обезбеди континуирана заштита од ковид-19, посебно од сериозни последици што можат да се појават, како што се хоспитализација и смрт“.

Двете фармацевтски компании претходно соопштија дека добиле одобрение од ФДА, пренесува Хина.

Ова вонредно одобрување доаѓа во критично време кога започнува зимата и се соочуваме со зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани со ковид-19 низ целата земја, рече претседателот на „Модерна“, Стефан Бансел.

Луѓето на возраст над 18 години кои ја примиле вакцината „Џонсон&Џонсон“, која се дава во една доза во САД, имаа право на втора доза по два месеца од имунизацијата.

Кај лицата вакцинирани со „Фајзер“ и со „Модерна“, третата доза досега беше наменета само за оние над 65 години, возрасните кои се изложени на ризик да развијат тешка форма на болеста и оние кои се повеќе изложени на вирусот поради природата на работата.

Веста доаѓа во време кога бројот на нови инфекции во САД повторно се зголемува, со просечни 85.000 нови случаи на ковид-19 дневно (имаше околу 70.000 на крајот на октомври) и околу 1.000 смртни случаи дневно.

Некои американски држави, како Калифорнија, веќе почнаа да одобруваат дополнителни дози за возрасни, дури и пред здравствените агенции да го препорачаат тоа, со надеж дека ќе го спречат ширењето на епидемијата пред Божик и Нова Година.

Вакцина Ковид-19 САД Свет Трета доза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.