Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД продолжува да и биде партнер на Македонија

0
By Нова ТВ on July 14, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 14, 2017 21:34

Формирањето на новата Влада во Македонија е доказ за почитувањето на законите во државата и ја одразува волјата на граѓаните, слободно изразена преку законски и демократски процеси, вклучувајќи ги изборите во декември 2016, кои што беа признаени од сите партии, пишува во одговорот на САД за извештајот на амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалаинен за политичката ситуација во Македонија.

„Како што му пренесе Заменик претседателот Пенс на Премиерот Заев во телефонскиот разговор на 10. јули, Соединетите Држави продолжуваат цврсто да ги подржуваат Евро-атлантските аспирации на Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, се надеваме на соработка со новата влада во имплементацијата на итните демократски реформи кои ќе го зајакнат владеењето на правото и независноста на судството, слободата на медиумите и одговорноста на владата. Соединетите Држави ги поздравува приоритетите на новата влада кои вклучуваат јакнење на институциите во државата, особено правосудството и напорите за интеграција во ЕУ и во НАТО.

Во одговорот се вели дека на мисијата на ОБСЕ во Скопје и останува витална задача да го подржува спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, зајакнувањето на институциите, подобрувањето на социјалната кохезија и унапредувањето на меѓуетничките односи.

„Како што е нотирано во вашиот извештај, единицата за владеење на право на мисијата на ОБСЕ продолжува со напредокот во јакнењето на судскиот систем и владеењето на правото, вклучувајќи и обуки на судии и обвинители, развој на практични алатки и материјали за континуирана правна едукација, како и во спроведување на активности за помош на новите студенти по право да ја совладаат новата кривична постапка (Закон за кривична постапка). Ова е важна работа и ги збогатува напорите на вашата мисија во мониторинг, и известување за предметите на специјалното обвинителство“, пишува во одговорот.

Исто така во писмото наведено е дека Соединетите американски држави ќе продолжат да работат со граѓаните и со владата во Македонија за сигурна и просперитетна иднина како мултиетничко општество целосно интегрирани во евроатланските институции.

Македонија ОБСЕ САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.