САД денеска соопштија дека ја додале Русија на црната листа на „особено загрижувачки“ земји во однос на верските слободи. Нигерија, од друга страна, која лани беше ставена на листата, годинава е повлечена од таму, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој неделава треба да ја посети оваа западноафриканска земја.

Земјите кои „вршат или толерираат флагрантно, систематско и постојано кршење на верската слобода“ се истите од 2020 година: Саудиска Арабија, Мјанмар, Кина, Северна Кореја, Еритреја, Иран, Пакистан, Таџикистан и Туркменистан. Алжир, Коморите, Куба и Никарагва се земји „под надзор“ за Американците.

САД не се откажуваат од својата посветеност да се залагаат за верска слобода за секого и во секоја земја, рече Блинкен.

Според него, „на премногу места низ светот, продолжуваме да гледаме како владите малтретираат, апсат, се закануваат, затвораат и убиваат луѓе само затоа што сакаат да ги живеат своите животи во согласност со нивната вера“.