Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сакам војната да се заврши за еден месец, му рекол Трамп на Зеленски

0
By Zoran Ivanov on March 20, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 20, 2026 15:15
Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека сака што поскоро да ја заврши војната со Русија, дознава порталoт „Аксиос“ од украински функционер и уште два извори запознаени со разговорот.Според изворите, Трамп сака да постигне мировен договор до летото, но остануваат значајни разлики меѓу Украина и Русија, особено околу прашањето за територијалната контрола во источна Украина.

Получасовниот телефонски повик беше првиот контакт меѓу Трамп и Зеленски од нивниот состанок во Давос кон крајот на јануари, објавува Аксиос.

Разговорот се одржал еден ден по четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина и еден ден пред закажаната средба на претставниците на Трамп, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, со украинскиот преговарачки тим во Женева. Кушнер и Виткоф, исто така, учествувале во телефонскиот разговор со Зеленски.

Според извор запознаен со плановите, рускиот претставник Кирил Дмитриев би можел да биде во Женева во четврток на одделни разговори со претставниците на САД.

Три извори рекоа дека разговорот меѓу Трамп и Зеленски бил многу пријателски и позитивен, објави „Аксиос“. Украински функционер и друг извор рекоа дека Зеленски му се заблагодарил на Трамп за неговата досегашна помош и рекол дека само Трамп може да го натера Путин да ја запре војната.

Зеленски потоа рекол дека се надева оти војната ќе заврши оваа година, а Трамп рече дека војната траела предолго и дека сака таа да заврши во рок од еден месец, рече еден од изворите. Белата куќа не одговори на барањето за коментар.

Една од темите на дискусија беше можен трилатерален самит меѓу лидерите на САД, Украина и Русија.

Зеленски минатата недела за „Аксиос“ изјави дека преостанатите разлики околу територијалното прашање би можеле да се премостат преку директни разговори меѓу него, Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп, според извори, му рекол на Зеленски дека ќе работи на организирање на таков трилатерален самит доколку следниот состанок на преговарачите на САД, Русија и Украина, закажан за почетокот на март, донесе поголем напредок.

Очекуваме оваа средба да создаде можност за подигнување на разговорите на ниво на лидери. Претседателот Трамп поддржува таков редослед на чекори. Ова е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната, напиша Зеленски на X.

Украински функционер рече дека Трамп ја повторил својата подготвеност да ѝ понуди на Украина значајни безбедносни гаранции од САД како дел од евентуалниот мировен договор со Русија.

војна заврши Зеленски Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.