Шкендија е елиминирана во настапите за Лигата на шампиони, но нема причина да очајува со оглед на поправниот што го нуди форматот на УЕФА, а тоа, во случајот, е бараж двомеч за групната фаза во Лига Европа. По убедливите 3:0 на „Ред Бул“ арена во Салцбург, австрискиот првак го совлада македонскиот со 1:0 и во реваншот во Скопје за продолжување на патот кон клупската елита на стариот континент.
Стрелец на единствениот гол на „Филип Втори“ арена вечерва беше Андре Рамалјо во втората минута од судиското надополнување на средбата.
Тетовци ги очекуваат уште најмалку два настапа на европската сцена ова лето. По шесте во квалификациите за Лигата на шампиони пред нив е нов предизвик во групите во Лига Европа. Пречка дотаму е подобриот од двомечот меѓу норвешки Розенборг и Корк Сити од Република Ирска.