Треба максимално да го искористиме новиот моментум и да ги создадеме сите услови потребни за проширување на ЕУ, затоа што нема сомнеж дека иднината на Западниот Балкан е во нашата Унија, порача вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски заедно со лидерите на членките на Унијата и на земјите од регионот.
Испраќаме силен сигнал со „Бриселската декларација“ што ја усвоивме денеска и мило ми е што партнерите од Западен Балкан се согласија со неа. Затоа, би сакал да го изразам моето задоволство што договоривме Декларација која е поинаква од оние на претходните самити, поконцизна и која може полесно да ја разберат граѓаните, рече Кошта.
Според него, тајмингот на денешниот Самит на почетокот на неговиот мандат не можел да биде подобар, бидејќи го истакнува политичкиот приоритет што за него лично и за Европската Унија го има зајакнувањето на соработката со Западниот Балкан. Линк