Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на ЕУ без договор: ЕПП против Тимерманс за претседател на Европската Комисија

0
By Нова ТВ on July 1, 2019 СВЕТ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на земјите членки на Европската Унија усвоија стретешка агенда за наредните пет години, се изјаснија за продолжување на економските санкции кон Русија, истакнаа нова осуда на турските активности во источно Средоземје и во Егејското море, но не успеаја да најдат решение за главните теми за кои се собраа на вонреден самит во Брисел.

Раководните позиции во неколку тела и институции остануваат непополнети за што се најавени билатерални средби меѓу лидерите во наредниот период. Состанокот во Брисел на кој требаше да се одлучува за кандидати за претседатели на Европската Комисија, на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет започна со задоцнување од повеќе од три часа, а разговорите се покажаа „комплицирани што бараат и време“ како што ги опиша и германската канцеларка, Ангела Меркел.

„Четири од пет позиции за кои се одлучува зависат од предлозите на Европскиот Совет. Условите за тие четири места за мене се јасни. Две мора да припаднат на мажи и две на жени. На тоа се фокусирам. Во конечната распределба на позициите треба да има и маж или жена од истокот на Европа. За мене се најважни компетентноста на кандидатите и нивната посветеност на европскиот проект“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

По првобитните шпекулации дека европските лидери на Самитот на Г-20 во Осака постигнале согласност за именување на социјалистот Франс Тимерманс за нов претседател на Европската Комисија, сепак, претставници на конзервативците, односно, Европската народна партија (ЕПП) одбија да дадат поддршка на таквиот предлог.

Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, во име на ЕПП порача дека за нив е „невозможно да го поддржат изборот на социјалистот“. Против изборот на Тимерманс отворено застанаа и претставници на Вишеградската група (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија), но и официјален Рим.

Покрај изборот на претседател на Европската Комисија, Унијата треба да именува и нови претседатели на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет, шеф на дипломатијата и гувернер на Европската Централна банка. Но, освен политичкиот пакет на кандидати за водечките функции во ЕУ, мора да се обезбеди и географски и родов баланс меѓу земјите членки.

Брисел ЕУ Самит Франс Тимерманс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.