Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на ЕУ: Италија сака корона-обврзници, Германија не

0
By Нова ТВ on April 23, 2020 ВЕСТИ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почнува нова рунда во покерот на солидарност во ЕУ – шефовите на држави или влади на Самитот ќе расправаат за обнова по пандемијата. За сметката има расправии. Од четвртиот вирутелен Самит на шефовите на држави или влади на ЕУ не треба да се очекуваат кој знае какви одлуки, предупредуваат европски дипломати во Брисел пред почетокот на денешната видео-конференција. Очигледно сакаат да ги држат очекувањата што е можно пониско.

Најверојатно членките на Унијата ќе успеат само да дадат тешка задача за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа до крајот на месецот треба да поднесе план кој ќе покажува колку би требало да е „тежок“ фондот за обнова за економијата ослабната од корона-кризата и пред се’ како тој фонд да се финансира. Фон дер Лајен зборуваше за „Маршалов план“ со околу 1.000 милијарди евра, кој би можел да биде финансиран од кредити во заедничкиот ЕУ-буџет.

Потрага по заеднички именител

Пред четири недели шефовите на држави или влади не постигнаа согласност за ништо од ова. Оттогаш ставовите речиси и не се променети, се вели во Брисел. Во понеделникот телефонски разговараа петте премиери на земјите кои се најважни во кавгата околу фондот за обнова. Но, германската канцеларка Меркел, францускиот претседател Макрон, италијанскиот премиер Конте, холандскиот премиер Руте и шпанскиот премиер Санчез не можеа да најдат заедничка компромисна линија, јави италијанската агенција „Анса“.

Џузепе Конте, чија земја има најголем број починати од коронавирусот по САД, инсистира на тоа ЕУ заеднички да ги преземе долговите и да ја финансира обновата. Во интервјуа и на прес-конференција во Рим, италијанскиот премиер силно се заложи за заеднички обврзници, т.н. корона или еврообврзници. Конте вети дека со заедничкиот инструмент нема да се финансираат старите државни долгови на Италија кои изнесуваат окоу 2.400 милијарди евра.

„Ќе се бориме за еврообврзниците. Нема да потпишам декларација на ЕУ која нема да содржи инструменти кои ни се потребни за да се бориме против кризата“, изјави Конте во телевизиското обраќање за Велигден.

Натпартискиот италијански премиер е под голем внатрешнополитички притисок, затоа што двете владејачки партии, популистичката „Пет ѕвезди“ и Социјалдемократите се залагаат за корона-обврзници кои во меѓувреме се нарекуваат и „обврзници за обнова“.

Италија одбива кредити од ЕСМ

Министрите за финансии на земјите од монетарната унија пред две недели се договорија за пакет за помош на земјите во криза од 540 милијарди евра. Во тој кредит е предвидена и кредитна линија за Италија во висина од 37 милијарди евра од европскиот чадор за спас ЕСМ. Конте смета дека ваквата понуда е понижувачка и аргументира дека ЕСМ бил стигматизирачки и би диктирал тешки услови за своите кредити.

Конте знае дека со Франција и Шпанија е во добро друштво во своите барања за заеднички долгови за обнова. И овие две тешко погодени земји од пандемијата, заедно со уште шест други, аргументираат во полза на корона-обврзници.

На другата страна од европскиот јаз се Германија, Австрија, Холандија, Естонија, Летонија и Финска, кои отфрлаат заеднички долгови. Канцеларката Ангела Меркел во понеделникот во принцип се согласи за проширување на заедничкиот ЕУ-буџет, но не кажа како точно ќе се соберат 1.000 милијарди евра за планот за обнова. Таа само рече дека „Германија ќе учествува во солидарните одговори“

Покрај јазот меѓу северот и југот, во ЕУ се отвора уште еден јаз, велат ЕУ дипломати по седниците кои се одржаа како подготовка на Самитот. Источноевропските земји членки на Унијата, кои досега имаа најголема полза од европскиот буџет, стравуваат дека сега средствата ќе бидат пренасочени од исток кон југ. Полска, Унгарија, Романија, Бугарија и други земји инсистираат да не се крати ништо од субвенциите за земјоделците, ниту пак од структурната помош за послабо развиените региони.

Германија ЕУ Италија корона-обврзници Обнова план Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.