Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит во Брисел: Вратите на НАТО се отвораат за Македонија

0
By Нова ТВ on July 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија на Самитот на НАТО што ќе се одржи денеска и утре во Брисел очекува покана за пристапување кон најголемиот воено-политички сојуз во светот, со што ќе се отвори патот да стане негова 30. земја-членка.

Во Брисел денеска пристигнува македонскиот премиер Зоран Заев придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Премиерот ќе има обраќање на конференцијата „NATO-engages” што се одржува на маргините на Самитот, а потоа е поканет на вечерата на сите 55 лидери на земји членки и земји партнери кои учествуваат на Самитот.

Во текот на вториот ден од Самитот, во раните попладневни часови, е предвидена церемонија со која ќе се означи поканата за Македонија, а се очекува и заедничка прес-конференција на првиот човек на НАТО Столтенберг и премиерот Заев.

Инаку, лидерите на НАТО, Самитот ќе го посветат пред се на буџетот на Алијансата и инвестициите на земјите членки во заедничката каса за одбрана, но и улогата на НАТО во борба против терори

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера на прес конференција во пресрет на Самитот изјави дека очекува земјите да се согласат Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО.

– Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатиот месец за спорот со името, ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30. членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена, изјави Столтенберг.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска непосредно пред Самитот на НАТО во Брисел со видео–изјава до граѓаните на Република Македонија потенцира дека овие два дена Македонија ќе седне на иста маса со светските велесили.

– Нашата земја официјално ќе ја добие поканата за членство во НАТО. Оваа шанса во 2008 година ја пропуштивме и оттогаш натаму, работите тргнаа во погрешен правец. Видовме што значи да се живее во несигурна држава и во нестабилен регион. Поминувавме низ многу кризи, а државата стагнираше на секое поле.Членството во НАТО е историска шанса која сега мора да ја искористиме. Со тоа Република Македонија ќе стане партнер и сојузник со најмоќните земји во светот. Членството во НАТО ќе биде стабилност и сигурност за Република Македонија и нејзините граѓани. Но, тоа ќе донесе и шанса за побрз економски развој и просперитет, вели Шеќеринска во видео пораката.

Во меѓувреме, високи дипломатски извори во НАТО изјавија дека не се очекуваат никакви блокади за издавањето на поканата за Македонија на Самит.

Кон крајот на јуни, „Њујорк Тајмс“ објави информација според која Доналд Трамп би можел да ја блокира поканата за НАТО за Македонија поради неговите односи со Владимир Путин. Високи дипломатски извори вчера изјавија дека нема никаква индикација за такво нешто.

Американската амбасадорка во НАТО потврди дека САД сака да ја види Македонија како членка на НАТО, но порача дека е неопходно за тоа граѓаните да го потврдат Договорот со Грција на референдум.

– Народот во Македонија ќе одлучи кое е името на нивната земја.Тоа е суверена работа и е нивно право, се разбира. Ние би сакале Македонија да стане членка на НАТО, но за да се случи тоа мора да има договор за името, кој ќе ни овозможи да имаме едногласна одлука за старт на преговорите и мислам дека би било огромно назадување за членството во НАТО ако го одбијат договорот склучен меѓу Грција и сегашната Република Македонија, изјави за новинарите американската амбасадорка во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон.

Од НАТО, исто така, велат дека не гледаат како би можела Македонија да стане членка на НАТО доколку пропадне референдумот.

Процедура

Земјите членки денеска ќе се согласат да и упатат на Македонија покана за да ги започне процедурите за зачленување. Тие процедури се истите како и за сите претходни земји кандидатки. Македонија и земјите членки ќе се договорат за пристапен план во Алијансата кој содржи два елемента.

Првиот елемент се однесува на генералните услови применливи на секоја земја кандидат. Од една страна тука се реформите кои се бараат од сите земји, од друга се финанските обврски на земјата кон буџетот на Алијансата. Вториот елемент се реформите специфични за земјата кандидат.

Овие реформи се дискутираат со земјата, потоа државата дава план за имплементација, по што следува пристапниот протокол, кој треба да го потпишат и ратификуваат сите земји членки. Откако ќе почнат ратификациите за пристапување кон Вашингтонскиот договор, кој е депониран во Стејт департментот, Македонија може да учествува практично на сите форуми како де факто членка, но без право на глас. Откако во Стејт департментот бидат депонирани ратификациите на сите земји членки, вклучувајќи ја и од американскиот Сенат, може да се очекува полноправно членство.

 

Што може да се очекува од Трамп

Годишниот собир на шефови на држави или влади на 29 земји членки на Алијансата ќе започне со обраќање на генералниот секретар на НАТО Столтенберг на безбедносната конференција: „НАТО се ангажира: дијалог на Бриселскиот самит“.

Пред почетокот на овогодишниот самит, вниманието на сојузниците во НАТО е насочено врз претпоставките за она што би можело да се очекува од американскиот претседател Доналд Трамп. Ќе го потпише ли завршното коминике или ќе излезе со најава дека ги повлекува американските војници од Европа?

Повиците и барањата на претседателот Трамп членките на НАТО да си ги поддмират трошоците во Алијансата, станаа посериозни откако САД и ЕУ се најдоа во трговски ќорсокак околу царините.

 

Столтенбер вчера изјави дека проценките за трошоците во 2018 година се охрабрувачки и оти секоја земја членка, во споредба со 2014 година, ги зголемила расходите за одбраната.

Седум европски земји издвојуваат два процента од Бруто домашниот приход за одбраната, рече Столтенберг, свесен дека оваа бројка земји нема да одговори на барањата на американскиот претседател Доналд Трамп кој од сите сојузници го бара истиот процент.

Трамп на Твитер испрати предупредување до сојузниците – „САД трошат многу повеќе за заштита од било која друга земја. Тоа не е фер за американскиот даночен обврзник, напиша Трамп.

Столтенберг вчера призна дека споделувањето на товарот не е еднаков и додаде дека може да се случи на Самитот да има жестока лидерска дебата на оваа тема.

Сите 29 земји членки се обврзаа дека ќе посветат два отсто од БДП за одбрана најдоцна до 2024 година. Четири земји, САД, Велика Британија, Грција и Естонија тоа веќе го прават, а четири други, Литванија, Летонија, Полска и Романија ќе стасаат до овој процент на крајот на годинава. Франција засега издвојува 1,8 проценти, а до крајот 2025 година планира да достигне два процента за одбрана.

Незадоволството на Трамп е пред се насочено кон големите земји како Германија. Најголемата европска економија троши 1,4 отсто од БНП. На ова ниво се уште 15 земји.

На самитот на НАТО ќе присуствуваат повеќе од 40 шефови на држави и влади.

Покрај од 29 земји членки на собирот ќе има претставници од партнерските земји од Финска, Западен Балкан до Авганистан.

Брисел е првата станица на Трамп во текот на престојот во Европа. Тој ќе ја посети Британија, а во Хелсинки ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп вчера изјави дека од неговите претстојни состаноци во Европа, оној со Путин може да биде најлесниот.

 

Македонија НАТО Самит Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.