Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самитот на Неврзаните во Белград ќе го обезбедуваат повеќе од 3.000 полицајци

0
By Ана Василевска on October 9, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 9, 2021 16:49

Претстојниот Самит на Движењето на неврзаните, кој ќе се одржи на 11 и 12 октомври во Белград, ќе го обезбедуваат 3.243 припадници на Министерството за внатрешни работи, а се очекува да пристигнат 117 делегации со 572 членови, соопшти денеска српското МВР.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека сите организациони единици во рамките на тоа Министерство се подготвени за почеток на настанот „Неврзаните 2021“ и дека сите меѓународни делегации ќе бидат обезбедувани на највисоко ниво, пренесе агенцијата Бета.

По посетата на Оперативниот штаб во Единицата за обезбедување одредени лица и објекти, формиран во пресрет на 60-годишнината од основањето на Движењето на неврзаните, тој ги „замоли“ граѓаните на Белград“ да покажат гостопримство и љубезност.

– Нека нашите гости посакаат да се вратат во Белград, рече Вулин.

Движењето на неврзаните е најголемата група држави по Обединетите нации. Самото име настана како идеја дека движењето ќе биде политичка алтернатива за земјите кои сакаат да избегнат да се одлучат за воено-политички блок и да артикулираат независен надворешно-политички пристап.

Во септември 1961 година, функционери од 25 земји се собраа на првата Конференција на Движењето на неврзаните во главниот град на Србија (тогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија).

Меѓу оние што зборуваа на настанот беа светски државници како индискиот премиер Џавахарлал Нехру, египетскиот претседател Гамал Абдел Насер, претседателот на Индонезија Сукарно и лидерот на СФРЈ Јосип Броз Тито, на чија иницијатива конференцијата и беше одржана пред шест децении.

Белград Самит на Движењето на неврзаните
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.