УЈП лани има завршено 14 постапки за испитување на имотот и имотната состојба иницирани од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Од нив, 12 постапки се запрени со заклучок зашто е утвредно дека лицата против кои е поведена постапка немаат стекнато и не поседуваат имот што е поголем од оданочените приходи, односно имотот што го поседуваат потекнува од приходи што биле предмет на оданочување и претставуваат легално стекнат имот.

Само две постапки се завршени со донесување на решение за задолжување со персонален данок на доход во вкупен износ од 714 илјади денари (11.610 евра). За постапки што се покренати преклани, пак, а решени лани, наплатени се 614.224 денари (9.887 евра) персонален данок, покажува Годишниот извештај за работењето на ДКСК за лани, кој е објавен денеска.

Лани во демекри, пак, ДКСК има извршено проверка на анкетните листови од сите 85 градоначалници и има утврдено дека кај 15 не се совпаѓаат податоците со оние дадени во анкетните листови и како последица на ова има иницирано барање за поведување постапка за испитување на имотот и имотната состојба пред УЈП.