Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Савески: Трудовата инспекција веднаш да испита во МЗТ Леарница

0
By Влатко Чаловски on September 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 14, 2016 15:03

Работниците во МЗТ Леарница работат прекувремено за еден месец, повеќе од колку што е утврдено според закон за на годишно ниво, рагираше денеска Здравко Савески од „Левица“ кој излезе на протестниот марш на работниците кои се во штрајк веќе 32 дена.

– Освен што во државата владее режим, режим владее и во многу многу од компаниите, каде газдите прават со работниците што сакаат и таа ситуација е неиздржлива. Бидејќи ситуацијата во МЗТ Леарница е неиздржлива, работниците од МЗТ Леарница излегоа на штрајк кој трае еден месец. Условите на кои тие се изложени, се катастрофални и работничките права им се кршени. Од мај месец наваму сите работници немаат земено плата, а некои од нив дури и една година, потанцираше Савевски.

Тој ургира Трудовиот инспекторат итно да ја испита ситуацијата во компанијата, каде што како што потенцира тој, се работи прекувремено преку сите норми.

– Луѓето се изложени и на трета смена и покрај тоа што производствениот процес нема потреба од тоа. Инспекторатот на труд да ја испита ситуација во МЗТ Леарница под итно, бидејќи по повеќе основи таму има прекршување на законите, дополни Савески.

Зоран Лазаревски, еден од работоводителите во фирмата, вели тие се на улица бидејќи неподносливо е кога дома не можеш пет месеци да однесеш плата за која работиш.

Советниците на премиерот Емил Димитриев, со кој неодамна двајца претставници на штрајкувачите оствариле средба, им рекле дека си ја бркаат работат и дека ќе ги информирале како да се надмине нивниот проблем, но како што напоменува Лазаревски, тие ќе останат на улиците се додека не се затвори проблемот.

Коментирајќи го неодамнешниот допис на МЗТ Леарница, во кој раководството ги обвини работниците дека прават намерни деструкции и краделе од фирмата, Савески и Лазаревски велат, тоа е со цел да бидат дискриминирани.

– Обвинувањата од раководството се за да не дискредитираат. Таму никој не може да краде по толку контролори и обезбедување, и нивната реакција покажува само дека “нападот е најдобра одбрана“, вели Лазаревски.

Савески пак вели, кој манипулира може да докаже Инспекторатот на труд, доколку излезат на терен.

– Раководството на МЗТ Леарница манипулира дека таму тече мед и млеко. Потребна е инспекција за да се докаже дали работниците или газдите се во право. Во Македонија работниците излегуваат на протест не кога им се прекршени правата туку кога се погазени, коментира Савески.

Имено, Законот за работни односи во делот на прекувремената работа, во членот 117 предвидува дека „прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува повеќе од 8 часа неделно.“

ОД друга страна, дел од вработените, како што вели Савески, работат по 150 до 200 часа прекувремена работа во еден месец а на лентата за плата се прикажуваат најмногу до 30 часа, а другите се кријат и биле прикажувани како норма.

Здравко Савески Левица МЗТ Леарница штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.