Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ алармира за сериозен сомнеж за криминал што го подготвува ВМРО-ДПМНЕ

0
By Marija Todorovska on June 20, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната прес конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, алармираше за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини, вели Кузеска.

Таа прашува како е дојдено до бројката 2 милјарди ерва ако нема проект, студија и анализа на трасата.

Кој и врз основа на што ја пресметал? Одговорот се наметнува сам: Се пресметува провизијата, не трошокот. Ова е подготовка за најголемиот тендерски криминал во поновата историја. ВМРО-ДПМНЕ го повторува моделот: се ветува мегапроект без основа, се зголемува цената однапред, се отвора пат за перење пари и за богатење на партискиот врв. И во целата таа матрица на измама – Мицкоски вели пругата ќе почне до крајот на годината, а министерката Кочоска изјавува дека нема да почне ни до 2027 година. Дали ова е координирано лажење на јавноста или само доказ дека во Владата владее хаос и нема контрола над сопствените лаги?, рече портпаролката на денешната прес конференција.

Богданка Кузеска испрати и прашања за премиерот Христијан Мицкоски.

Како се знае дека пругата ќе чини 2 милијарди евра ако нема проект?

Дали цената е договорена однапред со кредиторот?

Кој ќе го добие тендерот? И по кои критериуми?

Дали јавноста ќе види физибилити студија?

Или пак ова е уште една зделка во која ќе исчезнат милиони како во минатото?

Комични се обидите да се прикаже некаков инвестициски бум. Во реалноста, оваа Влада едвај ги довршува проектите почнати од СДСМ, а новите проекти се само обични наслови и надуени цифри – зад кои стои многу сериозен сомнеж за злоупотреба, вели таа.

На прес конференцијата потенцираше дека СДСМ нема да молчат, ќе ги следат сите чекори од овој процес, ќе бараат увид во сите документи и ќе ја инфомираат јавноста за секој сомнеж за секој тендер и договор.

И ако Мицкоски мисли дека ќе помине незабележано, се лаже. Одговорснот ќе има, секој ќе одговара, потенцираше Кузеска.

Богданка Кузеска Договор Коридор 10 Мицкоски СДСМ тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.