Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

0
By Zoran Ivanov on June 28, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 28, 2026 14:20

Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем.

Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб.

Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија, соопштуваат од СДСМ.

Намест, о да го зајакне вториот пензиски столб, Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење.

Според плановите на власта, парите кои денес работниците ги уплаќаат во приватните пензиски друштва, треба да се префрлаат назад во државниот фонд – ПИОМ.

Ова е крајно опасно. Власта го загрозува вториот столб кој постои токму за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации.

Неговото укинување или слабеење значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет – кој оваа Влада веќе го доведе до колапс.

Владата планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ.

Значи Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари и не можат да исплаќаат пензии соодветно.

Јавниот долг рапидно расте, а трошоците за негово сервисирање стануваат сè поголем товар.

Буџетскиот дефицит за целата година е потрошен уште во првата половина. За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг.

Сето ова се случува поради една причина: корупциските партиски тендери.

Наместо парите да одат во пензии, плати, здравство, образование, тие завршуваат во џебовите на партиски послушници преку тендери скроени по мерка.

Оваа Влада не ја уништува пензијата само на сегашните пензионери туку и пензијата на нивните деца и внуци.

Тоа е катастрофалниот резултат на Мицкоски во изминатите 2 години и тој е одговорен што идните генерации ќе работат цел живот, а на крајот ќе останат без достоинствена пензија.

буџет пензии празен СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.