Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и нивната одлука за промени, велат од СДСМ.
„Албанците ги нарекуваше “шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка. Упати низа навреди и вулгарности кон претставниците на меѓународната заедница во Македонија, а сега, без образ се обидува да се додворува. Сето тоа го прави само затоа што е соочен со одговорноста од неговото криминално владеење“, соопштија од партијата на Зоран Заев.
Сите, и домашната и меѓународната јавност знаат, додаваат од СДСМ, дека криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години свесно ја одалечуваше Македонија од ЕУ и НАТО, за да може без проблем да краде и да се богати.
„Обвинетиот Никола Груевски не може да им понуди ништо ново на граѓаните и на Република Македонија, освен нови криминали, насилство, нови конфликти и изолација. Човекот кој ги загрози стратешките интереси на Македонија и го уништи животот на граѓаните на Македонија не може да учествува во решавањето на проблемите“, пишува во соопштението на СДСМ.