Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ и ДУИ за избори на 5 јули, ВМРО-ДПМНЕ бара гласање по крај на пандемијата

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Избори на 5 јули е ставот на кој остануваат и опстојуваат СДСМ и ДУИ, за гласање по завршување на пандемијата, пак, се залага ВМРО-ДПМНЕ. Се ближи крајот на четвртата одлука за вонредна состојба во државата, неизвесно е дали ќе има нова, но неизвесно е дали наскоро ќе има и консензус за датум за одржување на предвремените парламентарни избори.

За да се запазат роковите треба да се одржат парламентарни избори на 5 јули, повтори синоќа техничкиот премиер Оливер Спасовски, а со ист став е вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, смета дека избори треба да има дури откако ќе се стави крај на епидемијата со коронавирусот.

„Изборите мора да се одржат врз основа на законските прописи и врз основа на владината Уредба со која и беа прекинати изборните активности. Така што, по завршување на вонредната состојба, роковите ќе продолжат и ќе остануваат уште 22 дена, а тоа се поклопува со 5 јули како можен датум. Затоа, ако ги следиме овие факти тогаш датумот за избори е јасен. Нам ни треба функционална држава и ако нема избори ќе нема ништо“, истакна Спасовски.

Според него, изборите ќе се организираат согласно протоколите, со внимание за успешен и мирен изборен процес. Премиерот нагласи дека ова е состојба во која ќе живееме подолго и затоа мора на избори во првиот можен рок, бидејќи нема начин како да функционира државата.

„Очекувам сите политички парти да направат сопствена анализа и да учествуваат на изборите“, дополни Спасовски.

 

Според него, комуникација може да има во секое време само партиите да најдат прифатлив датум за избори. Тој нагласи дека и 21 јуни беше можен датум за избори, но ситуацијата налагала продолжување на вонредната состојба, додавајќи дека смета оти согласно условите нема потреба од нова вонредна состојба. Спасовски нагласи дека државата е нефункционална и дека изборите се решение за да можат институциите да ги исполнуваат обврските со целосен капацитет.

„Што ќе ни се случува по месец, два, три? – Дали ќе нема нови заразени? – Ова нема да заврши преку ноќ, а ние мора да ги комплетираме институциите. Ако имавме полн политички мандат со функционален парламент ќе беше поинаку, ќе функционираше државата. Затоа сега, според протоколите за заштита, ќе направиме се за безбедни избори. Ако носиме маска во маркет, во ресторан, тогаш зошто да не носиме и на гласачките места“, потенцира Спасовски, кој воедно е потпретседател на СДСМ.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за дијалог и откако успешно ќе заврши пандемијата може да се зборува за поконкретни датуми и чекори за избори.

„Доколку од оваа призма како човек, како граѓанин барате одговор од мене, одговорот би бил ве молам дајте да се обидеме да спасиме што повеќе човечки животи и да работиме со нашите граѓани на протоколи, на мерки, да ги заштитиме од потенцијалната инфекција на овој вирус. Ајде прво тоа да го завршиме, бидејќи гледаме дека три месеци поминаа зад нас фрлени во ветер, ништо не се случи, ајде прво тоа да го завршиме а потоа првиот слободен термин да ги организираме тие избори. Тоа да се случи откако ќе се избориме конечно со оваа пандемија“, рече Мицкоски.

Запрашан што ќе прави неговата партија ако СДСМ и ДУИ се одлучат за избори на 5 јули, Мицкоски рече „секоја чест ако тие решат да одат на избори кога броиме десетици заболени и неколкумина починати дневно и оти нема што да додаде ниту да одземе на тоа прашање“.

„Втурнувањето на граѓаните во еден таков период за мене како одговорен човек и политичар значи дополнително зголемен ризик по нивниот живот“, рече Мицкоски.

Тој потврди дека до имало меѓупартиска комуникација за договор за датум за парламентарните избори, но оти таа прекинала во петокот по зголемувањето на бројот на заболени од ковид-19 во земјата.

„Не се чуствувам пријатно да зборувам за избори во ваква ситуација“, рече Мицкоски.

Османи смета дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на предвремените парламентарни избори, посочувајќи дека такви се роковите – и законски и логични.

„Ставот ние го кажавме. Нема друг датум освен 5 јули во овој период што доаѓа. Такви се роковите – и законски и логични и било какви. Јас очекувам дека ќе постигнеме договор за 5 јули за да ги вратиме институциите. Меѓутоа, кога би ставил пак „на вага“ еден да заболи од изборниот процес, па макар и асимптоматски да биде, дали вреди сето тоа. Така што еве во овие две недели да ги следиме трендовите“, нагласи Османи.

Тој истакна дека последната одлука за двонеделна вонредна состојба им помогнала како Влада да работат помалку под притисок на роковите и да се фокусираат на здравствената состојба во овој период, а во меѓувреме да продолжат да разговараат со политичките партии.

„Јас не очекувам граѓаните да нè разберат, но ние како министри кои што функционираме на дневна основа знаеме колку ни треба функционален Парламент и политичка Влада што побрзо, така што ние сме во една тешка позиција на наметната ситуација од ова со Собранието за што никој не е виновен. Собранието се распушти на 12 февруари кога никој не знаеше дека ќе имаме епидемија во државата“, потенцираше Османи.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер.

„Ја видов најавата на Владата дека има намера да одржи избори на почетокот на јули. Треба да ги погледнам деталите. Она што засега може да го кажам е дека изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања. Треба да видиме и како ова може да се имплементира под ковид правилата, ќе го отворам ова прашање со македонските власти затоа што е многу важно да се обезбеди дека изборите ќе бидат целосно фер“, рече Вархеји.

ВМРО-ДПМНЕ датум ДУИ избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.