Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во меѓусебни препукувања за новите „бомби“

0
By Нова ТВ on May 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ,по состанокот со коалициските партнери од коалицијата „Можеме“, коментирајќи ги последните „бомби“ објавени вчера, рече „тие докажуваат оти бил уверен дека граѓаните ќе поддржат демократски, а не режимски политики.

„Тоа дека граѓанските организации се многу поблиски до демократските политики за чиј предводник се сметав во тоа време, тоа го докажуваат самите разговори, отколку за режимските политики на Мицкоски и Груевски. На таа тема јас добро знам дека нема сила што може да ги контролира невладините организации и граѓанските активисти“, рече Заев и додаде дека тој бил во 17. ред на сите маршови и протести, а напред биле граѓанските организации.

Во однос на аудио материјалите кои ги поседуваше и објавуваше Заев како опозиционер, тој вели и дека од разговорот се потврдувало дека тие биле дадени во СЈО и никаде на друго место.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, наведуваат дека од „бомбите“ јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено „рекетарското СЈО“.

„Во една од снимките тој најавува што ќе прави СЈО натаму и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници. Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушкуваните материјали, раздавајќи ги по луѓе за да уценува политичари. Македонската јавност доби потврда за едуцираната претпоставка дека граѓанските организации, и оние финансирани од СОРОС, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се под контрола на Зоран Заев“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера на Јутјуб излегоа снимки кои ги објави порталот Инфомакс. Во четирите аудио записи кои траат по неколку секунди се вели дека се слуша Заев со соговорник. Дел од разговорите од записите порталот наведува дека се однесуваат на изборите во 2016 година. Во нив се слуша како Заев зборува за граѓанските организации финансирани од Сорос, а во друг разговор и за тоа дали снимките му ги дал на Захир Беќири Чауш.

бомби ВМРО-ДПМНЕ Јутјуб СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.