Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Да се исклучи Јован Деспотовски од партијата – „продаде сè што претставува СДСМ“

0
By Zoran Ivanov on December 27, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 27, 2025 14:27

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) соопшти дека ќе побара исклучување на својот член Јован Деспотовски од партијата, обвинувајќи го за дејствување против интересите на СДСМ и за, како што наведуваат, соработка со политички структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Во соопштението, СДСМ наведува дека партијата „никогаш не соработувала и нема да соработува со сили што имаат корени во фашизмот“, повикувајќи се на своето антифашистичко наследство. Од партијата упатија низа остри обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи историски примери и оценувајќи дека денеска, според нив, владејачката партија покажува „антидемократско однесување“, особено преку иницијативи кои, како што тврдат, ја ограничуваат слободата на говор.

Во соопштение со кое партијата се обраќа до членовите на СДСМ, уште стои дека „е време партијата да го одвои плевелот од житото“:

Почитувани членови на СДСМ, симпатизери, граѓани на Македонија, како верни наследници на антифашистичката борба, СДСМ никогаш не соработувал, ниту ќе соработува со сили што имаат корени во фашизмот.

ВМРО-ДПМНЕ има длабока историска поврзаност со фашистичките режими – за време на Втората светска војна, ВМРО под водство на Иван Ванчо Михајлов соработувал со нацистичките сојузнички сили, вклучително и со Независната Држава Хрватска (НДХ), марионетска фашистичка држава.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ покажува фашистичко однесување преку воведување РЕЗОЛУЦИЈА за забрана на слободата на говор, што е во целосна спротивност со нашето антифашистичко и демократско наследство.

Јован Деспотовски, член на СДСМ, дејствува како петтоколонаш, предавник одвнатре, во договор со членови на ВМРО-ЗНАМ, кои со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања, обидувајќи се да го ослабат СДСМ – токму во моментот на подем на партијата.

Целата акција е спроведена поради вртоглавиот пад на поддршката од граѓаните за коалицијата ВМРО-ЗНАМ, откако на виделина излегоа тајните планови за „мигранти за пари“, изолацијата на Македонија и криминалните активности што ги објави нашиот партиски АКТ.

Акцијата е дури и координирана и финансирана од СНС и Вучиќ, со цел да се заштитат нивните бизнис-зделки со Христијан Мицкоски и неговата избрана банда.

Ова е докажано преку координирани текстови во медиумите, каде што коалицијата ВМРО-ЗНАМ секојдневно ги засилува нападите врз СДСМ и се обидува да ја урива од вантре.

Јован Деспотовски беше противкандидат на актуелниот претседател и загуби на внатрепартиските избори, а сега, од лични и финансиски интереси, ја урива партијата одвнатре, соработувајќи со сили што претставуваат современ еквивалент на фашистичките окупатори.

Соработката со Геро само еден пример. Овој „новинар“ за себе вели дека е „алфа анти-СДСМ“ и со тоа се фали во своите текстови. За партијата, за сегашни и поранешните функционери пишува навреди, дури вели: „ќе ги разбуцаат како бугарското собрание“!

Овој случај потсетува на историскиот пример на Видкун Квислинг, норвешки политичар за време на Втората светска војна, кој тајно соработувал со нацистичките окупатори, саботирајќи ја сопствената земја и партија одвнатре за да ја преземе власта како марионетски премиер.

Тоа довело до длабоки поделби и слабеење на норвешкиот отпор. Квислинг бил осуден за предавство и погубен по војната, а неговото име станало синоним за „предавник“ поради соработката со непријателските окупатори.

Имавме можност и во не така далечното минато да видиме дека некои членови ја напуштија идеологијата на СДСМ, формираа свое движење ЗНАМ и се приклучија кон предавничката влада на ВМРО, која е подготвена да ја продаде иднината на Македонија во проектот „мигранти за пари“.

По изгласувањето на резолуцијата во Парламентот што ја забранува слободата на говор – резолуција што потсетува на Хитлеров декрет – тие го покажаа своето вистинско лице.
Како што можевте да видите, со денови СДСМ трпи напади токму од таа коалиција ВМРО-ЗНАМ, во обид да се дестабилизира нашата партија.

Јован Деспотовски им се приклучи заради лични амбиции и фрустрации – продаде сè што претставува СДСМ, ги предаде сите нас, членовите на СДСМ. Како што вели народот: „ја продаде верата за вечера“.

За неговото однесување додека беше на функција сведочеа многу членови на СДСМ. Сега целосно го покажа своето вистинско лице.

Поради тоа, овој случај го доставуваме до надлежните органи на СДСМ, Централниот одбор, согласно Статутот на СДСМ со барање за итно исклучување на Јован Деспотовски од партијата.

Со тоа ќе се зачува интегритетот на СДСМ, ќе се заштитат нашите демократски вредности и борбата за подобро општество, и ќе се спречи понатамошна штета од петтоколонашите во нашите редови.

СДСМ продолжува по патот на борбата за подобра иднина на Македонија, за единство и напредок. СДСМ продолжува по патот на европските демократски вредности.

Борба против изолацијата на Македонија, борба против криминалот и корупцијата, борба за европскиот пат!

Оваа борба започна и нема да запре!

Време е да го одвоиме житото од плевелот (каколот) и да продолжиме со таа борба.

Нема место меѓу нас за квислинзи.

Никој нема да нè запре, стои во партиската објава.

 

деспотовски ДПМНЕ СДСМ соопштение фашизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.