СДСМ смета дека со заклучениот избирачки список, Државната изборната комисија го потврдила она што СДСМ претходно го кажал,  дека во Македонија има околу 1.500 000 гласачи.

– Во посебниот избирачки список се запишани 230.122 гласачи и со тоа елиминирани се сите можности за злоупотреба на овие гласови.

Конечниот избирачки список ќе овозможи гласањето во целост да ја одрази волјата на граѓаните, се вели во соопштението од партијата.

Вчера ДИК соопшти дека на претстојните избори, право на глас имаат милион 784 илјади 416 избирачи.

Од нив, милион 531 илјада 368 се запишани во Република Македонија. За гласање во странство, се пријавиле 20 илјади 573,а во дипломатските претставништва ќе гласаат и 325 членови на избирачките одбори.

На посебен извод ќе бидат запишани 230.122 гласачи кои се надвор од земјата или има сомневање дека се надвор, бидејќи не се пронајдени при спроведените проверки. На посебни изводи ќе се водат и 2 илјади 15 лица кои издржуваат затвор или притвор како и 13 сеуште раселени лица.

ДИК го заклучи Избирачкиот список со овие податоци, откако беа направени промени по завршениот увид од страна на граѓаните и на партиите.