Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервентно се увезува речиси 40 проценти поскапа струја

0
By Нова ТВ on January 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 8, 2017 15:44

 

Струја се увезува веќе три дена, а не само четири саати како што тврди директорот на ЕЛЕМ и тоа по прескапа цена, соопшти Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) кој попладнево објави и документи од набавките на АД ЕЛЕМ. Според документите струја, ЕЛЕМ барала интервентен увоз на струја не само за вчера, туку и за денеска и заа утре, а СДСМ тврди дека цената за увоз е скапа и повисока за околу 30 проценти од вообичаеното.

Вчера, на Божик, е направен интервентен увоз на струја. Набавена е струја по цена од 59,3 евра за мегават час што е 36 проценти повеќе од дозолената цена за увоз од страна на Регулаторната комисија за енергетика во последната одлука (38 евра за мегават час). Интервентната набавка на струја за само два дена ги чини граѓаните 300.000 евра, се вели во соопштението до СДСМ.

Денеска на прес конфенреција директорот на ЕЛЕМ,  Христијан Мицковски, тврдеше дека нема криза за струја и дека ова е вообичааено во овој период од годината.

Одговарајќи на прашање Мицкоски рече дека денеска точно во 00 часот прв пат годинава АД ЕЛЕМ увезла електрична енергија за да обезбеди доверливост и стабилност на системот поради зголемениот конзум. Причина за увозот, како што рече, било излегувањето на Блокот 3 од РЕК Битола од системот утрото помеѓу Бадник и Божик во 3:45 часот. Блокот 3, како што нагласи, излегол од системот поради напукнување на цевка во котелската постројка, а ЕЛЕМ успеала да ги реоптимира останатите производствени капацитети за тарифните потрошувачи навремено да ги добијат сите неопходни количини на енергија во текот на вчерашниот ден.

Спроведовме постапка за набавка на електрична енергија за денешниот ден, која е нормална за ваков период од годината и во ваква ситуација и во текот на вчерашниот ден пристигнаа понуди од петте компании, трговци, со кои ЕЛЕМ има склучено договор за купо-продажба. Ги добивме неопходните количини и увозот ќе трае само во текот на денешниот ден, рече тој.

Документите од набавките покажуваат дека увозот е, сепак, многу поголем од она што го соопшти директорот на ЕЛЕМ, а цените многу повисоки од дозволените од РКЕ.

 

Вчера, на Божик, власта во заминување за да го покрие скандалот, распишала интервентен увоз на струја. Во документот во прилог, точка три, каде се зборува за трошокот за прекуграничен капацитет, може да се види дека станува збор за интервентен увоз на струја, рекоа од СДСМ.

 

 

 

 

ЕЛЕМ СДСМ струја увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.