Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Македонија станува црна точка – тоа е програмата на ВМРО-ДПМНЕ 2030

0
By Zoran Ivanov on December 7, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 7, 2025 10:09

СДСМ оцени дека најновите регионални инфраструктурни договори меѓу Грција, Бугарија и Романија, како и „претставената програма на ВМРО-ДПМНЕ“, испраќаат иста порака – дека Македонија ризикува да стане, како што велат, „црна точка на Балканот“.

Од партијата потсетуваат дека трите земји членки на Европската унија го потпишаа Меморандумот за коридорот Црно Море – Егејско Море, кој предвидува модернизација на железничката, патната и пловната инфраструктура во правец север-југ.

Ова значи дека сите од ЕУ ќе ја заобиколуваат Македонија. Нема да има прилив на пари од транспорт низ земјава, помал прилив од патарини, од точење бензин и од другите придружни активности, соопштува СДСМ.

Во партиското соопштение се наведува дека и втората важна вест – програмата „Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ – го носи истиот заклучок.

Што имаат заедничко двете вести? Македонија – црна точка, стои во реакцијата, во која СДСМ потсетува дека ваквиот знак, кој во ЕУ речиси исчезнал, на големи врати се враќа во Македонија.

Според партијата, „црна точка“ означува место со висок ризик за граѓаните, но и симболичен статус на држава што е изолирана од европските процеси.

Како кратка делница на патот кон ЕУ, која најчесто е изолирана, најмногу од Европската унија и демократскиот свет, а многу често и од сопствените граѓани – поради криминал, корупција и сиромаштија, порачаа од СДСМ.

Во соопштението се додава и политичка оцена за вчерашниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

Ова е само дел од програмата Македонија 2030, претставена од стариот и новиот будимпештански шоферски тандем – зад воланот Груевски и Мицкоски, како некогаш популарната серија ‘Камионџии’“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ оценуваат дека таквата политика „сигурно нема да им одговара на граѓаните“, но „можеби ќе биде добра за мигрантите – сообраќајот да не ги вознемирува“.

 

Македонија регион СДСМ црна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.