Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Мицкоски го надмина Груевски и ја стави целата држава на црната листа на САД

0
By Zoran Ivanov on January 16, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 16, 2026 13:02

Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска на прес-конференција остро реагираше за погрешните политики на Владата на Мицкоски кои резултираа со одлука за суспендирање на обработката на визи за македонските граѓани од страна на САД.

Мицкоски го надмина Груевски и за жал ја стави целата држава на црната листа на САД, рече Жерновски.

Тој потенцираше дека „одлуката на САД да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, туку политички сигнал, предупредување“.

САД внимателно ја следат состојбата во земјата и ова е јасен сигнал дека гледаат проблем, дека нешто не е во ред, истакна Жерновски.

Толку од периметарот на Мицкоски, митот кој се обидуваше да го создаде пропадна. Неговите „одлични, специјални односи“ со САД се толку добри што завршивме во периметарот на Сомалија и како „трет свет“, рече Жерновски.

Тој повлече дека „Македонија ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски кои водат кон затворање, кон изолација на земјата“. Жерновски нагласи дека „тоа ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите“ и дека „недостигот од економска перспектива за луѓето ги тера младите да заминуваат, да се иселуваат затоа што не гледаат иднина дома“.

Тој посочи дека „САД испраќаат порака дека не се задоволни од капацитетот на државата, дека постои недоверба во институциите и дека очекуваат реформи кои не се спроведуваат“.

СДСМ подолго време укажува дека политиките на изолација на оваа тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и процесот на интеграција во ЕУ, потенцираше Жерновски.

Тој истакна и дека „надворешната политика на владата се сведува на активностите на најблискиот соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ со ноќните волци блиски до Путин“.

Жерновски предупреди дека „овие денови гласни се дипломати од времето на ВМРО-ДПМНЕ, таканаречени експерти и помали сателит-партии кои ги напаѓаат Соединетите Американски Држави и дури тврдат дека немаме стратешко партнерство“.

Паралелно, власта спроведува и активна анти-ЕУ кампања. Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, затворени прашања повторно се отвораат, за да се оправда изолацијата, рече Жерновски.

На крајот, тој заклучи дека „мерката на САД е дипломатски сигнал, политички аларм и индикатор за тоа каде реално се наоѓа државата на меѓународната мапа“.

СДСМ ќе продолжи јасно и гласно да ја разоткрива оваа опасна агенда на власта и да се бори против политиките на изолација и загрозување на стратешкото партнерство со САД, порача Жерновски.

Жерновски прес СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.