Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: На министерот Ристевски поважна му е фотелјата отколку неговите доскорешни спортски принципи

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2025 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2025 12:28

За една година Владата на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, спортот го претворија во жртва на нивниот хаос, корупција и неспособност. Наместо поддршка, спортот од власта доби игнорирање.

Наместо инвестиции, доби кратења. Министерот за спорт Борко Ристовски – заборави дека некогаш бил спортист – очигледно, министерската фотелја му е поважна од принципите по кои некогаш настапувал на терен, обвини Панче Милевски – Панта, претседател на Комисија за спорт на СДСМ.

Ристовски ги изманипулира спортистите. Наместо 15 милиони евра субвенции за спортистите, во Буџетот за 2025 година се предвидоа дупло помалку – 7,2 милиони евра. А со ребалансот, Ристовски дозволи уште еднаш да се скрати поддршката на 6,7 милиони евра – најниско ниво на субвенции за спорт до сега. Во периодот кога спортистите од екипните спортови се подготвуваат за следната сезона, секој клуб, федерација и спортист се оставени со 40% помалку средства за директна поддршка.

И за овие субвенции нема отчет како се распределуваат, нема никаква контролa, министерот не објавил ниту еден документ, правилник или критериум за распределба на средства, систем или методологија како се распределуваат средствата.

Единствениот извор на информации е алатката open.finance – каде јасно се гледа селективноста, нелогичноста на сумите кои ги добиваат одредени спортови- пристрасноста на делењето на државните пари но и потчинувањето на клубовите блиски до коалиционите партнери“, рече Милевски.

Според него, не е објавен ниту еден извештај од ниту еден спортски субјект, ниту Записник од спроведена контрола или инспекција како ги трошат народните пари, а, како што рече, се фалат дека дале 20 милиони евра за две години.

Јасно е дека и тука парите се делат според Партиското тефтерче на Мицковски – кој го има во тефтерчето, тој добива пари, рече тој.

Милевски вели дека наместо сервис за спортистите и клубовите кои ја претставуваат Македонија во светот, министерот Ристовски се претворил во бизнисмен, а Министерството за спорт во градежна фирма.

Најталентираните кошаркари од Спортската академија останаа без професионални тренери поради директно партиско мешање на Министерството за спорт и Министерството за образование во конкурсот на Кошаркарската федерација – очигледно, за нив поважно е кој е во тефтерчето, односно кој е близок до нив. До сега најголемиот успех на Министерот Ристовски е назначување на неговиот кум/кумашин за државен секретар во Министерството за спорт. Непотизмот цвета, рече Милевски.

Тој го повика Државниот завод за ревизија да спроведе вонредна контрола на целокупното работење на Министерството за спорт.

 

министер Принципи рисевски СДСМ фотелја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.