Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ поднесе барање до Собранието за итна седница, ВМРО-ДПМНЕ против

0
By Нова ТВ on April 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Триесет и пет пратеници од СДСМ и нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесoa барање за свикување на итна седница за потврда на одлуките на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19.

Тие бараат, врз основа на член 63 став 4 од Уставот, член 15 став 4 од Изборниот законик, како и врз основа на членовите 67 и 68 став два од Деловникот на Собранието, од претседателот на Собранието да свика итна собраниска седница со две точки на дневниот ред и тоа потврдување на одлуките на претседателот за прогласување на вонредна ситуација на целата територија на државата од 18 март и од 16 април оваа година.

Во документот пратениците наведуваат дека се исполнети условите за времетраењето на мандатот на пратениците за итно свикување на седница и оти не постојат пречки за свикување на седница. На седницата која би била свикана, Собранието, конечно, ќе има можност да ја оствари својата уставна надлежност согласно член 125 од Уставот, да ги потврди одлуките за прогласување на вонредна состојба кои ги донесе Претседателот, се наведува, меѓу другото, во барањето.

Собранието, како што стои во барањето „има особена должност и обврска во остварувањето на надзорот и контролата над Владата во вонредна состојба“.

„Имено, со Уставот, при непостоење на дополнително законско ограничување или регулирање на вонредната состојба, е оставен широк простор за постапување на Владата во вонредна состојба преку донесување уредби со законска сила со цел заштита на јавното здравје, а кои воедно задираат и ограничуваат уставно загарантирани права и слободи на граѓаните. Оттука, Собранието не смее да биде лишено или спречено да ја остварува својата уставна надлежност и должност да врши надзор и политичка контрола“, се наведува во барањето.

Иницијативата е веќе доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери. Засега нема информации како ќе постапи Џафери по добивањето и разгледување на Иницијативата, за што исто така нема пропишан рок, односно дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница.

Тој вчера не сакаше да ја коментира Иницијативата, посочувајќи дека сака најнапред да ја види, па да се изјасни за неа. Претходно, неговиот став беше дека еднаш самораспуштен Парламент не може повторно да се свикува.

Против оваа иницијатива се изјаснија и од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ остави простор да ја погледне иницијативата, па да се изјасни, нагласувајќи дека за ваквите одлуки е потребен општ консензус.

Собранието на Република Северна Македонија се самораспушти на 16 февруари поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април,  но тие беа одложени поради ширењето на коронавирусот.

Николоски: Уставот е јасен, Собранието е веќе распуштено и не може повторно да заседава

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска изјави дека Собранието не може повторно да заседава затоа што е распуштено и оти по ова прашање Уставот е јасен.

„Јасни се одредбите во македонскиот Устав, како и позитивните законски акти, така што еднаш распуштено Собрание не може да се врати и да заседава“, рече Николоски во врска со барањето на СДСМ за свикување итна седница.

Во однос на нов датум за парламентарни избори, тој кажа дека е дегутантно и нечовечко однесувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на СДСМ, во услови кога многу луѓе се заболени од корона вирусот, илјадници луѓе губат работни места и за жал десетици фамилии ги изгубија своите најблиски, а многу луѓе сеуште се борат за својот живот, кој било од политичарите да зборува за вакви теми.

„Ова е едно нечовечко однесување на СДСМ. Доколку решат повторно по стоти пат да го кршат Уставот и да не се грижат за здравјето на граѓаните и економската благосостојба, секако ВМРО-ДПМНЕ во тој момент ќе заседава во своите органи и ќе донесе одлуки, кои што ќе бидат на линија на Уставот, законите, но, пред сè, на заштита на здравјето и економската благосостојба на граѓаните“, рече Николоски.

Според него, СДСМ сакаат да се спасат од одговорноста за криминалите што ги направија. Запрашан што ќе се случи со кандидатските листи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие се веќе потврдени од Државната изборна комисија (ДИК).

ВМРО-ДПМНЕ Иницијатива Свикување СДСМ Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.