Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ со официјални факти: ЕУ и ОН ги разобличуваат лагите на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on April 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Целиот систем на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ е поставен врз креирање лажни вести и пласирање невистинити информации со кои само и штетат на државата и на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.
„Иако ваквиот антидржавен модел е прочитан од сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од принципот да создава погрешен впечаток во јавноста со лажни вести. Во време кога државните капацитети се фокусирани на справување со коронавирусот и на имплементирање на економските мерки за полесно надминување на кризата, Христијан Мицкоски јавно тврдеше дека јавното здравство има уште само 100 тестови за ковид-19. Оттогаш изминаа три седмици и се направија илјадници тестови, што значи дека реалноста ги демантираше лагите на ВМРО ДПМНЕ“, стои во дописот на владеачката партија.
Од таму потсетуваат и на „тврдењата на Александар Николовски дека Обединетите нации лошо ги оцениле владините мерки за справување со кризата“ за потоа да стигне реакција од Организацијата во која беше наведено дека „воопшто не дискутирала за мерките во Северна Македонија, а не пак да дала некаква оценка“.
Истото, велат од СДСМ, се случи и со тврдењата „дека официјална Софија го проблематизира почетокот на преговори на нашата држава со Европската Унија“ на што следуваше демант од Брисел „дека едностраната изјава на Бугарија не ги менува заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за отворање на преговорите што беа поддржани и од Европскиот совет“.
„Сите овие лаги на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и онаа дека 140.000 работници добиле откази за време на кризата, иако реалноста е сосема поинаква, се случуваат во време на глобална пандемија со што партијата во континуитет демонстрира антидржавна политика“, нагласуваат од СДСМ.
Владеачката партија потсетува дека „за две и пол години преку одговорни политики, успеа да ја врати државата на европските патеки и да покаже резултати кои ВМРО-ДПМНЕ не можеше да ги замисли. Единствено што направија за 11 години е целосна изолација на државата на меѓународен план и владеење со криминал и корупција“.
Вистини ВМРО-ДПМНЕ ЕУ Лаги ОН СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.