Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: СДСМ со полна пареа бара решение за составување влада

0
By Нова ТВ on February 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ работи со полна пареа за да се најде брзо и ефикасно решение за формирање нова влада , изјави денеска портпаролот на партијата, Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање. Toj додаде дека “граѓаните на изборите избраа влада којашто ќе ги воведе и донесе потребните и бараните промени, таква влада ќе биде избрана”.

Во однос на изјавата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи дека без договор за Влада нема потписи, Шилегов рече дека сите политички субјекти кои се инволвирани во постизборниот процес треба да се свесни за состојбата во која се наоѓа Република Македонија и да сносат одговорност за своите одлуки.

На прашањето како го коментира ставот на Бујар Османи дека без договор за влада нема потписи и дека во ДУИ нема волја за соработка со СДСМ, Шилегов рече:

“Сите политички субјекти коишто се инволвирани во процесот, постизборен, треба да се свесни за состојбата во којашто се наоѓа Република Македонија, за сложеноста на таа состојба и да сносат одговорност за своите одлуки.”

Новинарите не добија одговор на прашањето дали СДСМ  преговара со ДУИ и кога може да се очекува средба Заев – Ахмети.

“Имајте трпение, во моментот кога некоја информација ќе биде зрела за споделување, ќе ја споделиме. Не би сакале да шпекулираме со информации заради тоа што дополнително ќе настане конфузија во јавноста”, рече Шилегов.

Дури кога на лидерот на партијата ќе му биде доделен мандат тој ќе ги соопшти ставовите на СДСМ за платформата на албанските партии.

Бујар Османи Влада Петре Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.