Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Тендер за ископ во РЕК Битола за фирма блиска до Мијалков

0
By Нова ТВ on April 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вистинската причина зошто ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието и ги кочи демократските процеси се криминални интереси и тоа е неопходно што побрзо да заврши, рече пратеникот на СДСМ Васко Ковачевски.

Тој на прес конференцијата во Собранието покажа документи според кои пред еден месец фирмата Марковски Компани добила тенедер за ископ на јаглен и јаловина од РЕК Битола во висина од 290 милиони денари или 5 милиони евра.

-Неодговорно е да се тврди дека имало потреба од итна постапка за ископ на јаглен за во РЕК Битола, па случајно на тој тендер добила фирмата Марковски Компани, блиска, според достапни информации, до Сашо Мијалков. Прво, постои план и програма за ископ на јаглен и јаловина и апсолутно е неосновано тврдењето дека толку итно бил потребен 5 милионскиот тендер. Друго, како од сите фирми во Македонија, тендерот од 5 милиони евра го добила токму оваа фирма блиска до Мијалков?, рече Ковачевски, додавајќи дека доколку бил објавен навреме огласот за прибирање понуди од повеќе фирми, ќе имало поголема конкуренција и можност за пониска цена и така овој ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола ќе бил поевтин.

-Но очигледна е тенденцијата парите да завршат во фирмата Марковски Компани што го добива тендерот, како и во изминатите 10 години кога добила тендери од 60 милиони евра во РЕК Битола, како и други тендери за изградба или реконструкција на патишта, рече Ковачевски.

ВМРО ДПМНЕ го обвини СДСМ за лаги и манипулации во врска со објавената информација од пратеникот Васко Ковачевски, само, како што се вели во соопштението, „за да ги покрие црните бизниси и криминалите на Заев и злосторничкото здружение околу него“.

-Јасно е дека во отсуство на аргументи СДС ќе продолжи со клевети и лаги, наместо да се соочат со фактите. Политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ резултираа со повеќе од половина милјарда евра инвестиции во изградба на нови и модернизација на постојните капацитети во изминатиот период вложени во изградба на нови и модернизација на веќе постојните производни капацитети. Благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните на РМ е меѓу најниските во регионот и во Европа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски РЕК Битола тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.