Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците

0
By Zoran Ivanov on February 8, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 8, 2026 17:18

Така наречениот договор којшто денеска е постигнат со УПОЗ е потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на работниците на 600 евра.

Овој договор се однесува на само мал број административни службеници, околу 10.000 не земајќи ги во предвид сите јавни службеници како на пример вработените во државните акционерски друштва и останатите работници, стои во соопштението на СДСМ.

После две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници тешко живеат бидејќи вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари.

Второ, периодот од покачување на платите минимално и тоа за две години од сега не е одговор на потребите на работниците на кои платите да им се покачат сега, оваа година.

Околу 200.000 работници моментално земаат плата под 30.000 денари, што ја продлабочува сиромаштијата и го поттикнува иселувањето на младите и квалификуваните.

Затоа минималната плата треба да се покачи за сите вработени, во јавниот сектор, во приватниот сектор и приватните компании, фабриките, конфекциите.

Решението на СДСМ е реално, одржливо и целосно ги задоволува потребите на сите работници кои земаат минимална плата, сега и веднаш. Со решението на СДСМ минималната плата се покачува за 50%, односно за 12.000 денари и тоа сега.

Само со ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, како коли, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании да им се загрози ликвидноста.

Власта го избра својот луксуз пред животните, егзистенцијални потреби на работниците.
Владата на Мицкоски ги изигра работниците.

 

минимална плата СДСМ соопштение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.