Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бараат правни преседани за Законот за јазици да стапи на сила

0
By Соња Петрушевска on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за употреба на јазиците е формално–правно блокиран по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпише указот за негово прогласување, иако, според Уставот тој е должен да го стори тоа. На тоа го обврзува членот 75 од Уставот во кој пишува:

„Законите се прогласуваат со указ. Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, пишува во член 75 од Уставот.

Одлуката на Иванов да не го потпише Законот, може да предизвика и барање за негов импичмент. 

„Доколку Претседателот одлучи да не го потпише, законот не може да биде објавен, не може да  биде прогласен – тоа е судбината на законот, а од друга страна Претседателот се соочува со импичмент, но за тоа се потребни две третини од гласовите на пратениците. Бидејки Собранието, во овој момент  нема таков капацитет, тоа значи дека ситуацијата е блокирана. Собранието не му може ништо на Претседателот,  а тој ќе остане на ставот дека не го потпишува Законот“, вели професорот Владо Поповски за НОВА.

Според информации на НОВА, една од опциите што се разгледува е Законот за јазиците да биде објавен во Службен весник со потпис од Претседателот на Собранието.

Досега, имало случаи да се објават укази со потпис само на претседателот на Собранието, единствено кога претседателот не бил во државата или во случај на смрт на шефот на државата, кога претседателот на Собранието ги презема неговите ингеренции.

Професорот Поповски не сакаше да коментира хипотетички ситуации, нагласувајќи дека во Уставот пишува дека законот треба да го потпишат Претседателот на државата и Претседателот на Собранието, но доколку се цени дека има правни недоречености, Уставниот суд е институцијата која треба да ги разреши.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска рече дека доколку претседателот Иванов не го потпише Законот, тој ќе го прекрши Уставот.

„Членот 75 од Уставот е јасен и по повторното гласање на Законот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието, како што овој случај,  претседателот  е должен да го потпише. Во спротивно ги прекршува уставните процедури“, вели тој. 

Само неколку часа, по донесувањето на Законот за јазици во Собранието, претседателот Иванов вчера соопшти дека нема да го потпише.

„Колку што е опасно неспроведувањето на Рамковниот договор, толку е опасно и излегувањето од рамката што тој ја предвидува“, оцени претседателот Иванов.

Џафери не сакаше да ја коментира кривичната пријава што ја најавија од ВМРО ДПМНЕ за прекршување на процедурата при носењето на Законот.

Професорот Поповски вели дека пратениците, пред да гласаат за законот, требало да ги разгледаат забелешките од шефот на државата и да донесат заклучок дали ги прифаќаат или не. Собранието може да не ги усвои забелешките, но ако се согласи да прифати дел од нив, треба да следува амандманска дебата.

И дел од невладините организации реагираа на начинот на кој беше донесен Законот за јазици. Според Институтот за демократија „Социетас цивилис“, беше прекршена процедурата при носењето на законот, најпрво со ставањето на европското знаменце на Законот, иако воопшто не станува збор за директива која ја бара Европската Унија. Со ова беше скратено времето за дебата околу амандманите. Немаше  јавна дебата, а Законот се донесе без да се слушне ставот од Венецијанската комисија.

Според вицепремиерот Бујар Османи, процедурата не била прекршена.

„Усвоени закони можат да се променат само со предлог-закони. Ако некој сака да го промени овој закон, тогаш треба да поднесе предлог за измени. Македонија заврши едно важно поглавје од својата историја и денеска повеќе од кога било е унифицирана, унисона и заедничка во своите предизвици за чекорење кон ЕУ и НАТО“, рече Османи.

Законот за јазици вчера беше донесен во тензична атмосфера, на раб на физичка пресметка меѓу Груевски и Џафери. За Законот гласаа 64 пратеници.

Владо Поповски Ѓорѓе Иванов Закон за јазици Собрание Талат Џафери Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.