Кристијано Роналдо не би бил Кристијано Роналдо ако не користи секоја прилика за издвојување. Така беше и при запознавање со тревникот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на кој Јувентус игра со Атлетико Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони. Португалецот се појави со светкави патики, модел на Најк, обложени со 50.000 Сваровски кристали.

Фото: soccerbible.com

Ова е само уште еден скапоцен детал од неговата гардероба, откако за роденден доби специјални и уникатни патики, украсени со 24 каратно злато со потпис на Најк. Но, моделот што го „прошета“ на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе може да го набават и оние со подлабок џеб, па ѕвездата на „бјанконерите“ нема да биде единствен што ќе поседува такви.

Моделот на патиките е Најк Ер Макс Металик Голд што ќе се продава во ограничен број и претставува продолжување на соработката на познатиот производител на спортска опрема со компанијата Сваровски по лансирање на моделот „Силвер Булет“.