Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се најавува историска заплена на марихуана во Македонија – молк за тоа како пет тони стигнаа во Србија

0
By Zoran Ivanov on February 6, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 6, 2026 15:36

Македонските власти најавуваат историски најголема заплена на марихуана во земјата досега, во акција која се спроведувала неколку дена, но откако и во Србија беа запленети рекордни пет тони марихуана за која српските истражни власти соопштија дека дошла од Македонија.

Засега се лицитира со неофицијални бројки од 27 тони запленета марихуана во Скопје, во кругот на поранешната фабрика ОХИС, и во Струмичко, од производители на медицински канабис кои ја злоупотребиле дејноста за која добиле лиценца.

Нема официјални информации ниту од Министерството за внатрешни работи, ниту од Обвинителството за гонење на организиран криминал, кои ја водат акцијата, единствен официјален одговор добивме од Владата од каде за дрогата најдена во Србија велат дека станува збор за сериозен и организиран случај поврзан со недозволена трговија со дрога.

-Во оваа фаза се воздржуваме од какви било дополнителни тврдења сè додека истрагата не ги даде своите конечни резултати, кои ќе дадат одговор на многу отворени прашања – велат од Владата за „Слободен печат“.

За марихуаната која наместо за медицински цели завршува на црниот пазар власта ги обвинува политиките на претходната влада на СДСМ и ДУИ, кога се легализираше производството на марихуана за медицински цели. По молкот за петте тони марихуана, сега власта соопштува дека подолг период ги  контролирале овие фирми.

-Како Влада, во наредните денови очекуваме Министерството за внатрешни работи да излезе со податоци за заплени од десетици тони дрога, односно марихуана во конкретниот случај, која била незаконски пуштена во промет и незаконски складирана во магацини во Македонија, со вклученост на правни субјекти и во земјата и надвор од неа. Акцијата трае подолг временски период, но досега не било можно јавно да се соопштат сите детали. Тоа што граѓаните ќе го слушнат во наредните денови ќе биде сериозно и загрижувачко, а сите креатори на ваквите политики од минатото мора да сносат одговорност, особено поради големиот број млади луѓе кои станале жртви на ваквиот начин на функционирање – велат од Владата.

Според информациите од Владата, дури 61 фирма добила лиценца за одгледување марихуана за медицински цели откако таква можност е дозволена во 2017 година.

– Ве информираме дека вкупно, од стапување на сила на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, до 3 февруари 2026 година Владата издала одобрение за одгледување на канабис за медицински цели за 61 правно лице. Во Македонија во моментов има 43 правни лица кои одгледуваат канабис за медицински цели. Вкупно досега се одземени одобренијата за 14 правни лица, поради неисполнување на законските услови. Во тек е постапка за одземање на одобренијата за 4 правни лица – велат од Владата.

Во големата полициска акција во Србија поврзана со рекордната заплена на марихуана, уапсен е и Иван Драгниќ, кој е косопственик на компанија за производство на марихуана регистрирана во Скопје – „Алфафарм“. Меѓу уапсените наводно бил и еден од сопствениците на „Алфафарм“.

Фирмата ја добила лиценцата во март 2024 година, а марихуаната заврши во фирма сопственост на пратеник на Српската напредна странка. Додека власта тврди дека нелегалниот бизнис процветал за време на минатата власт и постојано го споменуваат поранешниот премиер Зоран Заев, опозициската СДСМ обвинува дека првата лиценца за канабис била дадена во време на Никола Груевски.

-Првата лиценца за одгледување медицински канабис во Македонија била издадена во февруари 2017 во време на ВМРО. Производството на канабис почнало во мај 2017. Доколку само поради нивната медиумска кампања и сензационализам, се запленуваат и легални количини, може да се случи на крај државата да плаќа и отштета. Затоа ова бркање вештерки по компании е фарса, а истото се случува и во Србија. Целата кампања повторно ја прават по рецептот на Вучиќ – сè е copy-paste – велат од СДСМ.

Извор: Ф.Ф.С. / Слободен печат.мк

 

Заплена марихуана шверц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.