Водостоите на сите реки во Македонија се повисоки од просекот за декември, но се во опаѓање во споредба со вчера со исклучок на Вардар кај Демир Капија каде што нивото е речиси исто како и претходниот ден.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на природните езера е благо зголемено во однос на просекот за декември. Дојранското Езеро е за 74 сантиметри повисоко од „0“ кота, Охридското за 15, додека Преспанското е за 4,17 метри пониско од дозволениот минимум.