Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се потврди како правилен избор за ФФМ: Македонија со Ангеловски до крајот на 2020 година

0
By Нова ТВ on June 1, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Успешна смена на генерации, „прошетка“ низ Д дивизијата во фудбалската Лига на нации, пласман во Ц конкуренцијата, полуфинале против Косово и одличен вовед во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Сите овие факти беа доволна причина за Фудбалската федерација на Македонија за продолжување на соработката со Игор Ангеловски за дополнителни 12 месеца. Договорот што го има селекторот во моментот беше со рок на важност до ноември месец оваа година, а со новиот ќе остане на клупата на националниот тим до крајот на наредната.

„Репрезентацијата ми е многу поважна од селекторското место. Нема ништо посвето од водење на националниот тим, а со вакви момци и асистенти, задоволството е комплетно. Задоволен сум од постигнатото во изминатиот период за што најзаслужни се играчите, но тоа нема да нè задоволи. Ќе се стремиме да бидеме уште подобри во тешките предизвици што нè очекуваат за остварување на заеднички посакуваната цел која се однесува на пласман на големо натпреварување“, рече Игор Ангеловски.

Кормилото на националниот тим го презеде во октомври во 2015 година и оттогаш на негова страна се цврсти аргументи за укажување на доверба да остане на функцијата. Пет победи и пораз во Лигата на нации, позитивни резулати во пријателските мечеви, позитивна атмосфера во репрезентацијата, победи и реми во квалификациите за ЕП 2020.

„Со игрите и резултатите во изминатиот период, Игор Ангеловски ја оправда укажаната доверба и потврди дека Управниот одбор направил правилен избор за селектор. Имаме заеднички интерес, а тој е успех на македонската репрезентација. Како Федерација че овозможиме максимални услови за работа и подготовки во насока на остварување на резултатите што ги посакуваме. На сите ни е јасно дека единствено добар резултат е мерило за успех“, порала Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ.

Македонската репрезентација е пред два исклучително важни натпревара на домашен терен во групата Г во квалификациите за ЕП 2020. На 7 јуни во Скопје ќе гостува селекцијата на Полска, а три дена подоцна и Австрија. По две одиграни кола, националниот тим има победа над Летонија (3:1) и реми со Словенија (1:1).

Игор Ангеловски репрезентација селектор фудбал ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.