Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се уште нема исход од средбата на Алијансата на Албанците и СДСМ

0
By Нова ТВ on February 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алијансата за Албанците и СДСМ, односно работните групи од двете партии имаат средба во хотелот Александар Палас во Скопје на која се разгледуваат материјалите за нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик. Средбата се уште е во тек.

Од Алијансата за Албанците изјавија дека на средбата ќе го претстават нивниот предлог-закон кој го подготвиле во соработка со правни експерти.

Претставници на СДСМ на оваа средба се Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а од  ДР-ДПА се Арбен Таравари, Агон Ферати и Елми Азири. Средбата е затворена за јавноста, односно на новинарските екипи не им е дозволено присуство во просторијата

Генералниот секретар на Алијансата на Албанците,Арбен Таравари вчеравечер на Телма изјави дека решение ќе биде најдено многу скоро, откако претходно ја најави средба со СДСМ. Тој уште нагласи дека Алијансата е за декриминализација, односно сите што се вмешани во криминал да одговараат пред законот, алудирајќи и на ДУИ.

СДСМ веќе неколку дена со ДУИ разменуваат ставови и мислења за предлог- закон за употребата на албанскиот јазик. Од партијата на Али Ахмети тврдат дека нивниот предлог е „апсолутно во согласност со Уставот“ и околу него нема компромиси. Од СДСМ не откриваат многу детали за преговорите со ДУИ, но стојат на ставот дека се мора да биде во согласност со Уставот.

партии средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.