Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се уште се истражува како избегал Груевски од Македонија

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Криволак изјави дека внатрешната контрола на МВР и Обвинителството работат на утврдување на начинот на кој поранешниот премиер Никола Груевски избега од Македонија во Унгарија.

– Сакаме да дојдеме до конкретните информации и да ја информираме јавноста. Нам ни е важно тоа што се случило во Македонија. Контактираме со сите служби во регионот. Принципиелно би било сите институции да го заокружат тој систем и на крај да излеземе со конечна информација дали имал помош и како се случило неговото бегство, нагласи Спасовски.

Во однос на пишувањата дека Груевски слободно излегол од Македонија со лична карта, Спасовски рече дека од јули 2017 година, по одземањето на патните исправи, е направен распис до сите гранични премини дека не може да ја напушти Македонија ниту со лична карта.

– Прво треба да се лоцира одговорноста, да ги согледаме пропустите и нефункционалноста на системот во целина и ако тоа го согледаме, ќе можеме да ги отстраниме тие недостатоци за во иднина да немаме вакви ситуации. Многу е важно органите на спроведувањето на законот да имаат координација. Потребно е сите тие институции да се реформираат после 11 години заробена држава, рече Спасовски.

За тоа дали актуелните притвори ќе се одразат врз уставните измени, тој рече дека не би ги поврзал овие две работи.

– Ниту една политичка одлука не може да терминира било која кривична постапка која ја имаме. Очекувам дека Собранието ќе работи како и досега, пред се имајќи ги предвид интересите на државата и дека ќе се заврши процесот на изгласување на уставните амандмани, а со тоа да биде гарантирано и членството во НАТО И ЕУ. Процесот што се води во судот, треба да си продолжи понатаму. Ако сакаме да напредуваме, тогаш правдата мора да ја има и да биде достапна за сите, дециден беше Спасовски.

бегство Груевски истрага притвори Спасовски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.